сабота, 28 ноември 2026
Најново

Конкурс за професионални консултации со Мартин Робертс

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Моден Викенд Скопје во соработка со Британски совет во Македонија, објавува отворен повик за  Професионални консултации со господинот Мартин Робертс, ко-основач и директор на Fashon Scout  London и Graduate Fashion Week, кои ќе се одржат на 23.10.2013 година во Скопје.Конкурсот е наменет за студенти по моден дизајн и дизајнери кои ќе имаат извонредна можност,  пред се да добијат совети за подобрување на сопствената позиција и конкурентноста на модниот  пазар.
За време на личната професионална консултација со господинот Робертс избраните учесници ќе  можат да го презентираат своето портфолио, да прикажат примероци од досегашната работа и да  добијат совет во насока на подобрување на сопствениот моден бизнис.
Сите заинтересирани треба да ги достават следните документи:
– Пополнет формулар, кој може да се симне на веб-страната на FWSK;
–  Дизајнерско портфолио во електронска форма;
–  Биографија и мотивационо писмо.
Рокот за испраќање на апликациите е од 01.10 најдоцна до 12.10.2013 година, на  [email protected]. За изборот на учесници кои е предвидено да бидат вкупно осум, ќе  одлучува комисија составена од претставници од Моден Викенд Скопје, Британски совет во
Македонија и лично Мартин Робертс.
Истиот ден ќе се одржи и предавање на следните теми:
1.Претставување и информации за Fashon Scout / Graduate Fashon Week ;
2.Моден бизнис ( иновативни начини за привлекување инвеститори, успешно промовирање на  бренд, генерирање на продажбата).Конкурсот е наменет за студенти по моден дизајн и дизајнери кои ќе имаат извонредна можност,  пред се да добијат

Поврзани вести