Конкурс за упис на студенти на УКИМ, слободни 10.818 места

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во академската 2017/2018 година, во кој новина е укинувањето на дисперзираните студии. Слободни се вкупно 10.818 места.Според квотите одобрени од Владата, 5865 слободни места се за редовни студенти за кои годишната партиципација е 200 евра, 3793 места се за редовни со кофинансирање на студиите со 400 евра годишно и 1160 за вонредни студенти кои, исто така, плаќаат 400 евра.
Првиот рок за пријавување на кандидатите е на 17-ти и 18 август, вториот рок е на 4 септември, а на факултетите на кои ќе има слободни места третиот рок за пријавување за упис е на 15 септември.
Во конкурсот на УКИМ се наведени критериумите за упис и потребните документи. Еден од условите е положена државна матура. Резултатите од полагањето на екстерните испити од државната матура, Државниот испитен центар треба да ги објави најдоцна до 14 јули 2017.Според квотите одобрени од Владата, 5865 слободни места се за редовни студенти за кои годишната партиципација е 200 евра, 3793 места се за редовни

Пронајдете не на следниве мрежи: