„АРНО“ во соработка со Фондот на Браќата Рокфелер (Rockefellers Brothers Fund) распишува Конкурс за идеи/проекти за зелени бизнис идеи кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси, кои користат ресурси од локалната заедница и кои потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина. Пријавата за учество е достапна на www.arno.org.mk и може да се пополни до 24 јуни.„Ова е прекрасна можност за македонските граѓани да започнат одржлив бизнис во Македонија. Апликацијата е едноставна, се пополнува онлајн формулар кој бара одговарање на прашањата со максимум 300 зборови, и битно е да се приложи некаков бизнис план за жирито да оцени дали идејата има бизнис потенцијал. Може да аплицира секој, но идејата мора да е нова или во рана фаза. Може да аплицираат и мали бизниси кои се нови и имаат годишен приход помал од 10.000 евра. Веруваме во потенцијалот на Македонија за зелени иновации, очекуваме многу апликации и очекуваме конечно годинава да имаме и македонски победник на регионалниот натпревар.“ изјави Ирина Јаневска- претстедател на Здружението за социјални иновации „АРНО“.
„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија и се одржува од 2012та година. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар и до сега се наградувани најразлични зелени бизнис идеи: од рециклиран мебел од палети, фарми за црви, агро туризам во селата, туристички тури на велосипеди, до соларни сушари на овошје, подвижна продавничка за сладолед на соларна енергија и други. Тројцата претсатвници кои ќе победат на регионалниот натпревар добиваат по 10.000 долари за реализација на својата идеја во своите земји.
Процесот на селекција на национално ниво се одвива во неколку фази. Првата фаза е распишување на конкурс на кој може да учествува секој, втората фаза е селекција на 10 победнички идеи од страна на жирито, и третата фаза е избор на 3 победнички идеи од Македонија кои понатаму ќе се натрпреваруваат на регионалниот натпревар „Форумот за развој на филантропија во Западен Балкан“ кој ќе се одржи 24-27 јули во Косово. Сите детали за конурсот се наоѓаат на веб страницата www.arno.org.mk. Повеќе информации можат да се добијат на 075 367 311 или на e-mail [email protected].„Ова е прекрасна можност за македонските граѓани да започнат одржлив бизнис во Македонија. Апликацијата е едноставна, се пополнува онлајн фор