Конституирање на Локален совет на млади во Прилеп

Градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески и Претседателот на Совет Никола Димески, ја отворија конститутивната седница со свои поздравни обраќања кон присутните во кое им се заблагодарија за позитивниот прием од страна на членовите на советот и нивното присуство.Градоначалникот даде кратко излагање и запознавање на присутните со идеите кон кои треба да се стреми ова тело, укажа дека од присутните бара голема посветеност, професионалност и целосна ангажираност, а воедно побара овој локален совет на млади да стане бренд, извор на идеи и идејни решенија за младите во градот.
Заедничко за сите членови во советот е тоа што позади себе имаат големо искуство во невладиниот сектор и работата со млади.
„Од денес младите наши сограѓани имаат свој партнер, тоа е Советот на млади при Општина Прилеп. Од денес ќе бидеме во функција на младите, тука сме да ги сослушаме нивните потреби, идеи и заедно да реализираме активности во насока на подобар живот на младиот човек затоа што единствено преку соработка и комуникација помеѓу младите можеме да градиме здраво општество”, истакна Претседателот на новоконституираното тело Александар Савески.
Советот брои вкупно девет членови. Членовите се избрани по пат на јавен оглас и од страна на Комисијата за општествени дејности и правата на децата која што функционира во склоп на Советот на општина Прилеп.Градоначалникот даде кратко излагање и запознавање на присутните со идеите кон кои треба да се стреми ова тело, укажа дека од присутните бара голем

Пронајдете не на следниве мрежи: