Контроверзен научник создал СМРТОНОСЕН ВИРУС кој имунитетот не може да го победи

Контроверзниот научник Јишихиро Каваока од Универзитетот Висконсин-Медисон направил провокативно истражување по кое го направил својот најопасен експеримент до сега. Тој намерно создал грип кој во целост може да го заобиколи човековиот имунолошки систем.Тој генетски манипулирал со вирусот H1N1 од 2009-тата година, за новонастанатиот вирус да може да ги избегне антителата од човековиот имунолошки систем и на тој начин да го остави човештвото без одбрана во случај тој вирус случајно да излезе од лабораторија.
Каваока имал за цел да провери дали може вирусот H1N1 да се врати во пред-пандемска состојба, за да може да се следат генетските промени кои се случиле. Неговото истражување се' уште не е објавено, а Каваока за Independent рекол дека истото е подготвено за предавање на проверка во едно научно списание. Научниците кои се запознаени со тоа студија се преплашени од можните последици.
“Низ селекцијата на вируси кои го заобиколуваат имунолошкиот систем во карантински услови, успеавме да ги идентификуваме клучните подрачја кои би му овозможиле на вирусот H1N1 да биде непобедлив”, рекол Каваока и додал дека неговото истражување е релевантно во однос на процесите кои се случуваат во природни услови.
“Тој го земал пандемскиот вирус од 2009-тата година и одбрал соеви кои антителата во човековиот имунолошки систем не можат да ги неутрализираат. Тоа го повторил неколку пати, се додека не добил најсилен вид од тој вирус. Тоа што го правел претходно е опасно, но ова е уште полудо”, истакнал еден научник.
Има и такви кои не гледаат проблем во експериментот на Каваока.
Научниците се поделени во мислењето околу новосоздадениот вирус на кој човековиот имунолошки систем воопшто не би реагирал.Тој генетски манипулирал со вирусот H1N1 од 2009-тата година, за новонастанатиот вирус да може да ги избегне антителата од човековиот имунолошки си

Пронајдете не на следниве мрежи: