Конзервативците бараат партнер за нова Влада, а лабуристите сакаат малцинска Влада

Конзервативната партија на Тереза Меј почна преговори со северноирската Демократска унионистичка партија за состав на новата британска Влада, откако се покажа дека го нема потребното апсолутно мнозинство во Парламентот, соопшти телевизијата Скај, цитирана од ТАСС.Речиси целосните резултати од гласањето покажуваат дека конзервативиците ќе имаат 316 места, а унионистите 10.
Истовремено, опозициската Лабуристичка партија  соопшти дека ќе се обиде да состави малцинска Влада, доколку Тереза Меј не успее да го состави вчадиниот кабинет.
Речиси целосните резултатите покажуваат дека лабуристите ќе имаат 261 места во Долниот дом на британскиот Парламент.
Британските медиуми веќе почнаа со прогнозите за тоа кој може да ја замени Меј, доколку таа поднесе оставка. Се посочуваат имињата на министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, на министерот за финансии Филип Хамонд,  на министерката за внатрешни работи Амбер Рад, на министерот за надворешни работи, Борис Џонсон, на Лиам Фокс, кој е министер за меѓународна трговија, и на Ники Морган, една од малкуте конзервативци кои се спротивставуваат на визијата на Меј за Брегзит и инсистира земјата да остане во единствениот европски пазар, на Мајкл Гоув, кој ја брани идејата за Брегзит, но минатата година не успеа да го преземе раководењето со Конзервативната партија.
 Речиси целосните резултати од гласањето покажуваат дека конзервативиците ќе имаат 316 места, а унионистите 10.
Истовремено, опозициската Ла

Пронајдете не на следниве мрежи: