Корибко: Опозицијата во Македонија бега од избори зашто знае дека ќе ги изгуби

Aко се прифати дека Москва е глобален штаб за борба против обоените револуции, стратегија и технологија, тогаш би можеле да шпекулираме дека руските служби на безбедност имаат непотврдена и дискретна соработка со своите македонски колеги, вели во интервју за Телеграф.мк Андреј Корибко, еден од најпознатите руски аналитичари.Демонстрациите во Скопје, Белград и во Бања Лука се дел од еден поширок план за дестабилизација на Балканот под покровителство на САД. „Шарената револуција“ во Македонија не ја исполни целта да испровоцира отпор кај граѓаните за промена на режимот, вели во интервјуто Андреј Корибко, еден од најпознатите руски аналитичари.
Корибко, кој важи за добар познавач на случувањата на Балканот, нагласува дека е очигледно дека СДСМ не може да дојде на власт бидејќи ја нема поддршката од народот. Сепак, според него, СДСМ за САД е прифатлив партнер поради тоа што оваа партија лесно може да го промени уставното име на Република Македонија.
 
Руското министерство за надворешни работи предупреди дека новата „шарена револуција“ ќе биде организирана од странство. Дали се можни нови немири и дестабилизација на земјата?
– Да, сигурно се можни. Проблемот со кој се соочуваат САД е дека „конвенционалната” шарена револуција засрамувачки не успеа да постигне која било од своите цели, спротивно од очекувањата патриотското население да го испровоцира во мирен отпор за промена на режимот. Соочени со овој тек на настаните, САД имаат две опции: или да се откажат од дестабилизирачката намера или, пак, „Шарената револуција“ да ескалира во неконвенционална војна. Ако САД не се откажат од своите антивладини партнери во Македонија, тогаш единствениот начин кој тие го замислуваат е „пејнтбол“ протестите да се трансформираат во Евромајдан“, слично на урбан тероризам, истовремено со надворешни подбуцнувања и тензии помеѓу Македонците и Албанците.
Што се однесува до можноста „Шарената револуција“ да премине во хаос и Скопје да се претвори во балкански Киев, нема јавни индикатори на кои би можеле да се потпреме во прогнозата. Сето тоа ќе зависи од одлуката на САД дали ќе го прифатат поразот во рацете на мирните патриоти или ќе им наредат на нивите застапници да ја интензивираат дестабилизацијата.
 
Не треба да се заборави дека единствената причина зошто САД ја таргетираат Република Македонија е бидејќи таа е на критична локација и тесно грло што ја прави геостратешки од непроценливо значење за балканските мегапроекти на Русија и на Кина: „Турскиот тек“, балканскиот пат на свилата, брзата железница..
Ако САД продолжат со ескалацијата на агресијата и со промена на режимот во земјата со помош на нивните марионети, тогаш тоа би можело да се чита како беспогрешен знак за тоа колку САД се плашат од овие проекти, како и за очајните мерки да ги запре.
Ако балканските мегапроекти на Русија и Кина немаат капацитет фундаментално да ја трансформираат европската геополитика со текот на времето, САД никогаш не би инвестирале толку многу време и внимание во обидот за соборување на Владата на Република Македонија, така што ова само по себе зборува за огромното значење на овие иницијативи во контекст на нова Студена војна, во контекст меѓу униполарни и мултиполарни сили.
 
Која е причината што предвремените избори беа двапати одложени и има ли опозицијата поддршка однадвор?
– Претседателот Иванов ги одложи минатите избори во критичниот момент кога „Шарената револуција“ беше на работ да се спои со албанскиот тероризам. Исто така, се купи време за македонските безбедносни служби да се приспособат на катастрофалното сценарио на хибридна војна против урбаната „Шарена револуција“ и руралните албански терористи кои се чини дека се дел од американскиот план „Б“ за Македонија.
Таканаречената опозиција во Македонија не сака демократски избори поради тоа што е јасно дека секогаш ќе ги губи. Наместо тоа, сакаат да ги украдат гласовите со дисквалификација на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ преку една еднострана и политички мотивирана канцеларија на специјалното обвинителство.
Претседателот Иванов брзо сфати како оваа институција тајно функционира за да овозможи промена на режимот и затоа тој првично издаде помилување пред неколку месеци. Потоа тој ја поништи одлуката, што се должи на поларизацијата создадена од американски и НВО-информации за да се предизвика антивладино расположение.
Како што стојат работите, СДСМ никогаш легитимно нема да победи на демократски избори во Македонија. Трезвените европски политичари знаат дека СДСМ е втурнат во промена на режимот во корист за САД и дека ВМРО-ДПМНЕ е најстабилен партнер на кој може да се надеваат на целиот Балкан. Но, за Американците СДСМ е прифатлив бидејќи се уверени дека тој ќе го промени уставното име на Република Македонија ако дојде на власт, и на тој начин на ЕУ и на НАТО ќе им дадат нова жртва за да ја изедат.
 Целото интервју прочитајте го на Телеграф.мкДемонстрациите во Скопје, Белград и во Бања Лука се дел од еден поширок план за дестабилизација на Балканот под покровителство на САД. „Шарен

Пронајдете не на следниве мрежи: