Корисни совети за безбеден сообраќај во зима

Со оглед на фактот дека денес и во текот на наредниот период  во Република Македонија ќе владеат зимските услови на патиштата, РСБСП со потсетување на неколку правила поврзани со подготовката на автомобилот, мерките на претпазливост и возењето воз имски услови.
Општи мерки и препораки за возење во зима и подготовка на возилото 

Доколку не морате да патувате со автомобилот, користењето на алтернативен превоз (такси, автобус) во лоши временски услови е секогаш подобро решение.
Задолжително користете соодветна зимска опрема.
Задолжително проверете ја техничката исправност на возилото и бидете сигурни дека возилото е во исправна состојба.
Не го загревајте возилото во затворен простор, како на пример гаража.
Не го оставајте возилото со недоволно гориво во зима. При евентуалното заглавување во снежно невреме, горивото ќе ви биде клучен ресурс.
Проверете го нивото на антифриз, обезбедете соодветна течност за стакла за зимски услови и проверете дали бришачите се во исправна состојба.
Добро запознајте се со временската прогноза и со рутата ако патувате на подолг пат.
Известете ги блиските за дестинацијата, времето на поаѓање и планираното време на пристигнување во случај да патувате на подолг пат и во изолирани и планински места.

Совети за возење на снег 

Прилагодете ја брзината на условите на патот.
На снег и мраз, за секој маневар е потребно подолго време, затоа потребно е да се предвиди повеќе простор за кочење, вртење, вклучување, претекнување.
Растојанието до возилото пред вас треба да е поголемо од вообичаено.
Забрзувањето и кочењето мора да биде мошне внимателно и успорено.
За забавување на возилото најдобро е да се користи моторно кочење и да се избегнува притискање на сопирачката колку што е можно. Доколку користете сопирачки, правете го тоа мошне полека, никако нагло или со силен притисок.
Лесното додавање гас е најдобриот начин да се избегне излизгување и превртување на тркалата.
Не додавајте гас на нагорнини и места со натрупан снег, кал или мраз.
Не застанувајте на нагорнина, бидејќи поаѓањето од место на замрзата нагорнина е многу тешко.
На надолнините возете мошне споро, во ниска брзина и со моторно кочење.

Работи кои може да ви користат и е добро да ги имате со себе 

Полнач за мобилен телефон за во кола
Електрична ламба на батерии
Кабли за стартување на возилото
Кабли за влечење
Лопата за снег
Дополнителна топла облека или ќебиња и храна (за на подолг пат).

Совети доколку останете заглавени во снежно невреме

Aко заглавите во снежно невреме останете во возилото. Во секој случај, тоа е најчесто најдоброто засолниште што ќе го имате , а така и полесно ќе ве најдат спасувачките екипи.
Ако автомобилот работи, осигурајте се издувните цевки да не бидат прекриени со снег, мраз или кал. Блокираните издувни цевки може да предизвикаат на влегување на токсичниот јаглерод-моноксид во автомобилот .
Заврзете парче облека или платно со јака боја околу антената на колата или заглавете го со прозорот.
Во темница, можете да ја оставите запалена сијаличката која е на кровот од автомобилот, бидејќи не троши многу од акумулаторот. Ова ќе помогне полесно да бидете лоцирани.
Вклучувајте го моторот само онолку колку што е потребно да се ублажи неподносливиот студ.

Паркирање 

Не ги оставајте бришачите во активна позиција, бидејќи може лесно да се залепат на ветробранското стакло и да се оштетат.
Исправете ги тркалата и под нив ставете цврст материјал, за да може полесно да тргнете со возилото
Не паркирајте на нагорнина или надолнина доколку е возможно.

РСБСП со апел: Придржувајте се на  горенаведените совети за ваша безбедност  и за избегнување на сите непријатни ситуации во кои може да се најдете во зимски услови на патиштата
Општи мерки и препораки за возење во зима и подготовка на возилото 

Доколку не морате да патувате со а

Пронајдете не на следниве мрежи: