Двајца етнички Албанци се ранети во вооружениот судир меѓу српската Жендармерија и неколку Албанци од Косово, јавува српски Курир повикувајќи се на официјални извори од српското МВР.
Според порталот, групата била затекната на границата меѓу Србија и Косово во атарот на селото Боровац.
Престрелката траела половина час. Командатот на српската Жандармерија потврдил дека има двајца повредени Албанци кои се префрлени во болница во Приштина. Постојат сомнежи дека уште повредени Албанци се кријат во шумата до селото, а доколку бидат пронајдени ќе им се пружи лекарска помош.
Во моментов, како што јавуваат српските медиуми селото е целосно опколено, забранет е влез во него и трае акција на полициските сили во која се апсат осомничените за нелегално сечење на шумата.
Двајца етнички Албанци се ранети во вооружениот судир меѓу српската Жендармерија и неколку Албанци од Косово, јавува с