Косовски пратеник: Скендер-бег не е албански херој

Гезим Келменди прантеник во косовскиот парламент, го нарече Ѓерѓ Кастриот-Скендер-бег херој на католиците, а не албански национален херој.Келмедни, како што пренесува весникот „Експрес“, тоа го аргуменирал со фактот дека во 15 век, во времето кога војувал Скендер-бег, не постоеле нации.
– Католиците го имаат својот херој – Скендер-бег. Во 15 век не постоеле нации и војните биле поради верски прашања – изјавил Келменди во телевизиска емисија.
Пратеникот, исто така, се сомнева и за потеклото на националниот херој поради неговата мајка и постоењето многу народи во тоа време во тогашна Албанија и се согласува дека е потребна измена на албанската историја зашто она што се учело во училиштата не било вистина.
Келменди оценува дека Турција не била окупатор на Албанија, туку само владеела во таа земја и затоа треба да се третира како земја-пријател.
Извор: republika.mkГезим Келменди прантеник во косовскиот парламент, го нарече Ѓерѓ Кастриот-Скендер-бег херој на католиците, а не а

Пронајдете не на следниве мрежи: