Коста Крпач денес погребан, ќе одговара ли некој од СЈО?

Четириесет годишниот Коста Крпач денеска беше погребан на градските гробишта во Бутел, откако во средата во се уште неразјаснети околности си го одзеде животот во својот стан во скопски Капиштец.Прашањето кое се поставува во јавноста е дали некој од СЈО ќе одговара, откако холивудските сценарија и спектакли на ова обвинителство почнаа да резултираат со жртви, пишува Журнал.нет.
Во конфузното и контрадикторно соопштение испратено до медиумите вчера, од СЈО самите потврдија дека вршеле претрес кај него, иако не кажаа колку пати. Со ова се подгреаја информациите пласирани во дел од медиумите дека Крпач бил жртва на тортура од страна на СЈО и притисоците резултирале да се реши на ваков кобен чекор.
Во писмено соопштение од СЈО велат дека Крпач бил сведок во постапката кој доброволно се пријавил. Сепак, од СЈО на новинарско прашање признаваат дека претходно се вршеле претреси во домот на Крпач. Збунувачки е фактот доколку се земе предвид дека само две реченици погоре во соопштението СЈО тврдеше дека одлично соработувал и дека сам се пријавил за сведок.
-Веќе сте известени дека лицето Коста Крпач пред ова јавно обвинителство имаше својство на сведок, со кој имавме добра соработка. Во таа насока Ве известуваме дека сведоците немаат право на адвокат и правото на адвокат е обезбедено само на осомничени лица.
-Точно е дека во рамки на предистражна постапка се вршени претреси, но со оглед дека предистражната постапка е тајна, можеме само да ве известиме дека тие претреси се вршени согласно законските одредби и истите се соодветно документирани, така што нема сомнение дека се работи за законити дејствија.“ – велат од СЈО.
Останува нејасно зошто СЈО имало потреба да изврши претрес кај лице кое доброволно соработувало, пишува Журнал.нет.
Основниот суд Скопје 1 вчера потврди дека на барање на Специјалното јавно обвинителство бил извршен претрес во домот на сега починатиот Коста Крпач. Соопштението до Судот е само потврда дека врз Крпач бил вршен притисок и тортура.
-На почетокот на месец април 2016 година од страна на Судија на претходна постапка организиран криминал и корупција по барање на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), издадена е наредба за претрес во домот на К.К., а претходно за правно лице чиј сопственик во одреден период е истиот, односно по барање на СЈО, Судија на претходна постапка организиран криминал и корпуција има издадено и наредба за одземање на документи од Централниот регистар на Р.М. од две фирми ( меѓу кои за една во одреден период како сопственик се јавува К.К. ) за кој настан во јавноста беше лиферувана информација дека „Централниот регистер на Р.М. е под опсада“, информираат од Основниот суд Скопје 1.
Притисокот кој Крпач го има бил и дел од активноста на Специјалното јавно обвинителство во Централниот регистар, која и претходно беше осудена и опишана како холивудско филмско сценарио.
Универзитетскиот професор Оливер Андонов е револтиран од однесувањето на специјалното јавно обвинителство во случајот со самоубиството на Коста Крпач. Тој смета дека СЈО е виновно за неговата смрт поради тортурата на која бил изложен од страна на СЈО.
– Самоубиството на Крпач оди на душа на СЈО и на Катица Јанева, и тие еден ден треба да дадат одговор за она што го сториле. Не се сите луѓе психички подготвени да издржат таква тортура и најверојатно во моменти на тешко растројство го извршил самоубиството. СЈО повикува на распит луѓе кои немаат никаква кривична одговорност и се користи со методи од типот „признај или не ти гинат пет години затвор“. Ако бил сведок, како што тврди СЈО, зошто тогаш се вршеле претреси во неговиот дом – вели Андонов за Телеграф.мк.
Претходно, професорот во својата колумна истакна дека во СЈО тргнуваат од замислена дека некој направил некаков криминал, а истовремено забораваат на уставната категорија на пресумцијата на невиност и најчесто таа фикција е идентична со тврдењата на Заев на неговите прес-конференции кога ги објавуваше бомбите, и подоцна најавувајќи ги активностите на СЈО, притоа однапред знаејќи го крајниот исход.
-Потоа, почнуваат притисок кон сите соработници на таргетот, партнери или на кој било начин лица кои биле околу него, да го потврдат она што тие го наумиле. Всушност, во недостиг на цврсти материјални докази тоа се остварува преку закана и втерување страв, со крајна цел да принудат некој да се согласи лажно да сведочи против оној што е крајната политичка цел на СЈО. Доколку сведокот од прв пат не прифати да го потпише тоа што тие ќе го бараат од него, најчесто излегува преплашен, на излегување му кажуваат дека тој не им е целта, туку го посочуваат лицето што им е цел, и уште еднаш го предупредуваат дека може многу лесно да се извлече доколку даде изјава која му ја наметнуваат тие и го потпише тоа што од него го бараат, вели Андонов.
Јавноста е зачудена и го поставува прашањето како истражителите на СЈО се однесуваат кон осомничените, кога на ваков начин се однесувале кон сведоци кои “добровоно и одлично соработувале со нив“.Прашањето кое се поставува во јавноста е дали некој од СЈО ќе одговара, откако холивудските сценарија и спектакли на ова обвинителство почнаа да ре

Пронајдете не на следниве мрежи: