Костадин Керпичоски: СДСМ е АНТИМАКЕДОНСКА партија!

Иако е формирана во Република Македонија, иако некогаш имала голем број на членови и приврзаници и иако некогаш била најголема политичка партија во државава – сега е пред распад.За жал, тука е и тука дејствува на територијата на Македонија, но дејствува антимакедонски, надвор од границите на политиката и против својот народ.
Ништо друго не може да се каже сега во овој момент кога токму таа политичка партија наметна и креира криза во државава и настојува да се одолговлекува што повеќе и повеќе истата ситуација знаејќи дека тоа им пречи на државата и на граѓаните.
Свесна дека наметнатата криза пречи и на бизнис заедницата, на инвеститорите, на граѓаните, па и на оние на кои не се занимаваат со политика т.е. обичниот граѓанин  – таа продолжува да делува исто и тоа ми дава за право да кажам дека делува против вољата на својата држава.
Ако направите една кратка анализа ќе знаете дека таа политичка партија навистина во минатото во себе имала кадри кои биле способни и имале поим и претстава за политика, но сегашното раководство е сосема спротивно на нив и доказ за тоа е што токму тие стари кадри ги нема никаде во партијата, дури ни во последните борбени редови бидејќи не сакаат да учествуваат во уништувањето на сопствената и единствена држава Македонија!
Разбирам една политичка партија да се залага да дојде на власт, но не власт без избори, не по секоја цена власт, па дури и да се гази преку живи луѓе и не надвор од политичките граници.
Прво, можам отворено да кажам дека за една политичка партија и раководството на таа партија е срамно да бега од избори и ако се земе во предвид дека таа во моментов е опозиција. Инаку, во светот опозицијата моли за избори, а овде кај нас власта ја моли опозицијата за избори и пак и пак се зборува за некаков режим и самостојно владеење.
Втора, многу важна работа што оваа политичка партија не смее да ја прави е тоа да соработува со странски служби сѐ со цел уривање на државниот поредок. Тоа што СДСМ го направи е лошо, срамно и жално.
Најголемо зло е да ја предадеш својата татковина.
И трета, исто така многу важна работа е тоа што политиката на СДСМ во моментот е да се дојде до власт без избори, па макар и да треба газење на живи луѓе и вољата на народот!
Искрено, сакам да имаме една конструктивна и квалитетна опозициска партија која ќе го корегира владеењето, но за жал, до ден денес ја немаме, а не се плашам бидеќи знам дека тоа ќе се случи и можеби и ќе се роди нова таква политичка партија.
Сега за сега, можам само да кажам дека Македонија доби неколку битки и дека војната ќе биде добиена на 5-ти јуни на фер и демократски избори без разлика дали со или без СДСМ.
Исто така, во оваа прилика сакам да се заблагодарам на владејачката партија која го има легитимитетот од граѓаните да владее за сѐ што направи за државата и за тоа што личните и партиските интереси ги стави на второ место, додека државните имаат приоритет!
Вас Македонци ви порачувам дека крајот од тунелот се гледа и дека ќе успееме и тоа како! Македонија на Македонците!За жал, тука е и тука дејствува на територијата на Македонија, но дејствува антимакедонски, надвор од границите на политиката и против својот народ

Пронајдете не на следниве мрежи: