Крај на квалификациски циклус за СП Бразил 2014

По завршувањето на циклусот квалификациски натпревари за Светското првенство во Бразил 2014 година и направената анализа за случувањата за време на натпреварите и по циклусот натпревари, Фудбалската федерација на Македонија ја презема одговорноста за целосниот исход од натпреварувањата, кои од самиот почеток беа предизвик за националниот тим.Како и досегашната пракса на ФФМ, така и сега, за сите добри и помалку добри резултати (вклучувајќи го тука и последниот лош натпревар) отворено зборуваме на повеќе теми.
„Ждрепка и распоред на натпревари – Мора да напоменеме дека имавме тешка група, каде многу лесно распоредот на табелата можеше да биде поинаков. Анализирајќи ги одиграните натпревари, стоиме зад тоа дека Македонската фудбалска репрезентација освен натпреварот со Србија, не изигра лошо во овој циклус. На два пати несреќно изгубивме од Хрватска и од Шкотска во Скопје, но во фудбалот може еднаш, двапати да немаш среќа, ако тоа е тенденција значи дека постои некаков проблем кој треба да се реши.
Избор на селектор и назначување на ВД селектор – При избор на селектор раководството на ФФМ беше водено од потребата да се изнајде најдобро решение.  Плановите да се ангажира Јаневски како селектор беа долгорочни, беше постигнат договор Јаневски да ја води репрезентацијата до крајот на квалификациите. Професионалноста и работата на Јаневски  не мотивираа да му понудиме нов договор, но покрај желбата да остане наш селектор Јаневски се одлучи кариерата да ја продолжи во белгискиот прволигаш Монс  пред истекот на договорот. Содржината на договорот беше позната на двете страни.
Одлуката да се назначи Стратев како ВД селектор за последните два натпревари беше поддржана со фактот дека ги познава поголемиот дел од  играчите, начинот на игра до тогаш и дека е достапен поради неговиот ангажман во федерацијата како координатор на сите млади репрезентации. ФФМ веќе започна и процес за избор на нов селектор. Приоритет е да ги исполнува критериумите за квалитет и да е реномиран тренер.
Логистика и организација на патувањата –  Што се однесува до организацијата  одговорно тврдам дека во организацискиот дел, овој циклус  помина солидно согласно нашите можности. Играчите се клучен фактор, затоа се внимава на сместување во добри хотели, со минимални авионски чекања…Сите обврски на Федерацијата кон играчите и стручниот штаб во вид на повици и премии се навремено подмирувани и нема никакви заостанати долгови. Во рамки на можностите како поддршка на играчите и беше донесена одлука на одредени пријателски натпревари , за победа да се додели и премија. Тука нема да застанеме и понатаму ке работиме да ги подигниме критериумите во однос на логистига при патувања во странство.

 
Односот на играчите и кон играчите  – Во структурата на репрезентацијата постои јасно дефинирање на улогите и одговорностите. Изборот на играчите пред се се должи на визиите и стратегиите што ги развиваат селекторот и стручниот штаб, што од друга страна значи и увид во составот на играчите кои се на располагање. И само на таков начин може да се развива професионализам и преземање одговорност . Како Федерација одговорно тврдиме и отфрламе секакви обвинувања дека се фаворизираат некои фудбалери, со цел тие подобро да бидат продадени. Веруваме дека беа повикувани најдобрите фудбалери во моментот што одговараат на стратегијата, но и оние кои навистина се залагаат и сакаат со срце да ги бранат боите на својата земја.
Што се однесува до Пандев, може да се согласиме дека е лидер и модел за сите играчи. Тој најдобро знае дека финалниот резултат зависи од тимската работа. Вратите за разговор со Пандев секогаш биле отворени, ние во иднина сметаме на Пандев.“ – изјави директорот на А репрезентацијата, Петар Милошевски.
Во контекст на случувањата на последниот натпревар Агим Ибраими и Томе Пачовски преку ФФМ ги даваат следниви официјални изјави:
Агим Ибраими: „Со искрено жалење би сакал да истакнам дека натпреварот со Србија, го изигравме крајно лошо. Oдговорност секако имаме и ние фудбалерите, навистина тој ден не заслуживме да го носиме дресот на нашата репрезентација. Не треба да се враќаме назад туку еднаш за секогаш сплотени, заеднички да се издигнеме и да донесеме поголема радост за нашата земја. Јас и понатаму со срце ќе играм за Македонија.“
Томе Пачовски: „Не сме горди на последниот натпревар. Сакаме да го заборавиме, но и да не ни се повтори. И ние сме луѓе, така што емоциите знаат некогаш да доминираат. Меѓутоа за време на целиот овој циклус атмосферата беше добра. Мене ме чудат изјавите за кланови, групи, поделби. Тоа како да сака некој сега да ни го наметне, во овој момент на слабост. Да, изгубивме, последни сме во група, но малку требаше да биде поинаку. Сега мора да се консолидираме и да мислиме на идниот квалификациски циклус.“
Резултатите од работењето на ФФМ не може и не треба да се гледаат исклучиво преку поврзување со А репрезентацијата. Во период од само една година, ФФМ реализраше проекти за кои во последните две децении единствено се зборуваше. Денес, зборуваат делата. Едно од нив е и националната стратегија за развој на младинскиот фудбал. Изготвен прирачник со стратегија за работа со тренери и единствен модел на игра. Изградба на 10 терени со вештачка трева низ повеќе општини во Македонија, детска лига – повеќе од 5.000 деца се натпреваруваат во лигата која требаше да биде формирана многу одамна. Професионални договори за селекторите, а исто така ФФМ е иницијатори и на донесените измени и дополнувања на законот за спречување на спортско насилство и на таа тема веќе организираше повеќе тркалезни маси соработувајќи и со другите спортски федерации. Приходот од реклами е зголемен за 350%. Долгот на ФФМ е намален за 70% и конечно се изгради комплексот „Куќа на фудбалот“ во рок од 8 месеци, чии темели беа поставени пред 4 години.Како и досегашната пракса на ФФМ, така и сега, за сите добри и помалку добри резултати (вклучувајќи го тука и последниот лош натпревар) отворено зб

Пронајдете не на следниве мрежи: