Во април 2005-тата година космичката рендгенска опсерваторија “Чандра”, која ја истражува вселената во рендгенски дијапазон, забележала силно исфрлување на облак од прашина и “кисела магла” од супер-масивна црна дупка во центарот на нашата галаксија.Во исто време американскиот астрофизичар Алберт Шервински дошол до заклучок дека гигантскиот “облак” ќе дојде до земјата во јуни 2014-тата година и ќе уништи се' што е живо.
Според мислењето на Шервински, киселиот облак со големина од 16 милиони километри се движи со брзина на светлината во насока на Сончевиот систем, уништувајќи се' што ќе му се најде на патот. Околу оваа сензационална изјава се кренала голема прашина пред неколку години, иако практично ја демантирале водечките светски астрофизичари.
Дали треба да го очекуваме најлошото?
– Ајде да видиме. Експлозијата се случила во галаксијата MS 00735+7421 која од Земјата е оддалечена на 28 илјади светлосни години. Односно, дури и доколку теоретски се претпостави дека киселиот облак се движи со брзината на светлината, што не е возможно, бидејќи има маса и други фактори кои не дозволуваат да развие таква брзина, “облакот” до нас ќе дојде во многу далечна перспектива. Бидејќи, една светлосна година изнесува околу 10 трилиони километри. Сега помножете ја оддалеченоста од 10 000 000 000 000 километри со 28.000 светлосни години, и ќе дознаете кога “облакот” ќе пристигне на Земјата.
Меѓутоа, многу луѓе со тие пресметувања не можеле да се уверат во теоријата на Алберт Шервински. Почнале и да го бараат.
Кој сте вие, докторе Шервински?
Продолжува на следната страна:
– Според веб страната Weekly World News – на која за прв пат биле објавени вести за “крајот на светот во 2014-тата година”, темелен коментар дал доктор Алберт Шервински, астрофизичар од Кембриџ, кој според зборовите на авторот, има тесни врски со раководството на НАСА.
Вознемирените корисници на интернет, како и голем број на новинари, тргнале во потрага по научникот за да добијат уште некоја информација повеќе, но не било лесно да се пронајде.
Како што се воспоставило, меѓу вработените во Центарот за астрофизика во Кембриџ, немало доктор Алберт Шервински.
И што се случило? Докторот Шервински не постои или никогаш не постоел? Или пак тајните служби на САД по “откривањето” на информациите ги избришале сите податоци за него, а него едноставно го ликвидирале поради откривање на државна тајна?
Приказната е навистоина додтојна на најдобрите холивудски блокбастери. Скромниот научник кој активно ги набљудува вселенските објекти во ренгеновски дијапазон еден убав ден доаѓа до откритие за кое о најмала рака се доделува Нобелова награда. И покрај тоа што ваквото откритие предизвикува паника кај луѓето, тој сепак ризикува да даде интервју. После ова интервју за таблоидот сецијализиран за сензации како што се марсовците, оваа вест го обиколи светот, но тој самиот се отстранува, и неговото име засекогаш се брише од науката и се кријат сите негови траги и негоото постоење.
Тоа би била тажна приказна доколку е вистинита. Иако е можно владата на САД од нас цело време да ја криела вистината за да не направи хаос. Во секој случај го имаме цел јуни за да сфатиме кој бил доктор Шервински – новинарска патка или пророк.Во исто време американскиот астрофизичар Алберт Шервински дошол до заклучок дека гигантскиот “облак” ќе дојде до земјата во јуни 2014-тата година и