Крајот на светот е за 99 дена!

Според прогнозите на нордиската митологија, за само 99 дена ќе се случи Судниот ден и ќе дојде крајот на светот каков што го познаваме.Звукот на античкиот инструмент вчера во градот Јорк означи почеток на одбројувањето на 100-те дена до крајот на светот, таканаречената викиншка апокалипса. Прогнозите на нордиската митологија велат дека Судниот ден ќе се случи за точно 99 дена.
Легендата вели дека нордискиот бог Хеимдал дувнал во рогот за да ги предупреди луѓето за опасноста што се приближува. Викинзите верувале дека пред да дојде крајот на светот ќе има три јаки зими меѓу кои нема да има лето, ќе исчезне моралот и ширум светот ќе се водат војни.

Експертите за нордиска митологија пресметале дека Викинзите за крај на светот го одредиле 22 февруари 2014 година.
Тој ден ќе има земјотреси, нивото на морето ќе се зголеми, а Земјата ќе биде покриена со отров.
По стотици предвидувања за крајот на светот кои досега, секако, не се исполнија, останува да се види дали токму ова викиншко предвидување ќе се случи.Звукот на античкиот инструмент вчера во градот Јорк означи почеток на одбројувањето на 100-те дена до крајот на светот, таканаречената викиншка апо

Пронајдете не на следниве мрежи: