Крајот на вселената ќе биде катастрофален настан

Научниците кои се обидуваат да го потврдат откривањето на Хигсовиот бозон, таканаречената Божја честичка, сметаат дека крајот на вселената ќе биде катастрофален настан.Според нивните предвидувања, крајот на вселената ќе се случи за неколку десетици милијарди години, но кога ќе се случи тоа, сè ќе биде уништено во неверојатно пустошење, пишува nydailynews.„Ако се послужиме со законите на физиката кои сега ни се познати и ги направиме пресметките кои сега ни се чинат точни во согласност со тие закони, доаѓаме до лоши вести, изјави физичарот Јозеф Ликен, кој учествува во истражувањата на акцелераторот во проектот Ферми во Илиноис, но и на Големиот хадронски судирач во Церн.Имено, иако научниците сè уште ги средуваат податоците добиени од минатогодишниот експеримент кој доведе до, како што се чини, успешно пронаоѓање на Хигсовиот бозон, честичка која би требало да ја открие мистеријата на постоењето на масата, на откритието придодале и некои бројки и дошле до пресметка од која не му се пишува добро на нашиот Универзум.„Многу е веројатно на вселената нестабилноста да и е инхерентна, што би можело да доведе до тоа за неколку милијарди години сè што сега постои буквално да биде збришано“, рече Ликен.Според него, за неколку десетици милијарди години ќе се случи катастрофа.„Мал ’балон’ од нешто што може да го замислиме како „алтернативна вселена’ ќе се појави некаде во вселената која сега постои и нагло ќе експандира и ќе ја уништи вселената во која живееме. Ќе ја збрише ширејќи се со брзина на светлината“, вели Ликен.Сепак, тие пресметки не се дефинитивни бидејќи истражувањата сè уште траат, а и најмалата промена на било кој параметар во моменталниот стандарден модел на космологијата дава целосна поинаква верзија на крајот на вселената.Но, како и да било смрт да ја очекува вселената, нашиот Сончев систем тогаш веќе одамна нема да го има – според моменталните сознанија, нашето Сонце би требало да сјае нормално уште околу 4,5 милијарди години, по што ќе нарасне, ќе ја проголта Земјата и ќе се распадне.
МакфаксНаучниците кои се обидуваат да го потврдат откривањето на Хигсовиот бозон, таканаречената Божја честичка, сметаа

Пронајдете не на следниве мрежи: