Краткиот филм „13 Wonders of Macedonia“ на фестивал во Италија

Македонскиот краток филм “13 Wonders of Macedonia” – (13 Чуда на Македонија) во продукција на Трето Уво од Скопје, влезе во конкуренција во официјалната програма на меѓународниот фестивал на археолошки филмови во Роверето Италија. 
Jубилејното 25-то издание на овој светски респектиран фестивал ќе се одржи од 7-11 Октомври во Роверето, a ќе бидат прикажани вкупно 44 филма од 15 земји во светот како: Италија, Франција, Америка, Шпанија, Малезија итн. Во целиот пропаганден материјал, во печатените и електронските медиуми нашиот филм и нашата земја се најавувани под уставното име Македонија.
Продуцентот на нашиот филм Иво Јанкоски по овој повод изјави: “Ова ќе биде светска премиера на филмот и претставува огромен успех за нас, инаку филмот е сегмент од глобалниот и пообемен промотивен проект “Wonderful Macedonia”.  Филмот е посветен на македонската милениумската цивилизација, духовно и културно разгранетиот хоризонт на македонското постоење и ја позиционира Македонија како базична цивилизациска оска на Балканот, Медитеранот и Европа. Задоволството е дотолку поголемо што “13 Wonders of Macedonia” е единствен филм од балканските земји што успеа да влезе во официјалната конкуренција на овој престижен фестивал.” 

 
Jубилејното 25-то издание на овој светски респектиран фестивал ќе се одржи од 7-11 Октомври во Роверето, a ќе бидат прикажани вкуп

Пронајдете не на следниве мрежи: