Без ризик е новиот производ од Винер Лајф осигурување и Шпаркасе Банка кој ги спојува потрошувачкиот кредит и животното осигурување во уникатна понуда на пазарот. Новиот производ претставува кредит со дополнителна заштита обезбедена преку животното осигурување на кредитобарателот и нуди поголема сигурност во отплатата на кредитот.Кредитното животно осигурување е еден од најпопуларните и барани производи на осигурителните пазари, во кој што животното осигурување го покрива остатокот од кредитниот долг во случај на несреќа со што семејството се ослободува од наследни долгови.
„Со овој производ ја започнуваме нашата соработка со Шпаркасе Банка, која што ќе овозможи бројни бенефиции за повеќе страни. Првенствено, излегуваме во пресрет на потребите на граѓаните со создавање на нови производи во кои што се вклучени и животното осигурување и кредитното обезбедување во исто време. Воедно, веруваме дека со ваквите производи и со заедничкиот настап, поттикнуваме успешен и одржлив развој на осигурителниот пазар и на банкарскиот финансиски сектор во Република Македонија“, изјави Д-р Бернд Ахатц, Член на Управниот Одбор на Винер Лајф.
Без ризик е производ кој овозможува повеќе придобивки за голема група граѓани. Се однесува на потрошувачки кредит до 610.000 МКД а можат да аплицираат сите граѓани на возраст над 20 години. Старосната граница на клиентите е 65 години. Во согласност со оваа старосна граница, последната рата треба да доспева пред клиентот да наполни 65 години.
„Кредитното животно осигурување е се уште новина на македонскиот пазар, за разлика од Европа и светот каде што обезбедувањето кредит со животно осигурување е веќе развиен сегмент. Следејќи ги светските трендови и грижејќи се секогаш за потребите и можностите на нашите клиенти, заедно со Винер Лајф го воведуваме овој производ на пазарот со кој ја охрабруваме довербата на граѓаните и им обезбедуваме поволни услови на кредитирање. Потрошувачкиот кредит со животно осигурување овозможува поголема сигурност и обезбедување на семејствата од наследени долгови во иднина. Со овој производ, продолжуваме да градиме долгорочен однос со клиентите што е наша стратешка определба на македонскиот пазар“, изјави Викторија Јовановска, Директор на Сектор Управување со физички лица во Шпаркасе Банка.
Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп Скопје е осигурителната компанија за животно осигурување, основана во 2010 година, како дел од осигурителната групација Vienna Insurance Group. Македонската компанија во својата деловна стратегија се придржува кон строгите и прецизни деловни принципи. Со квалитетните и конкурентски производи, Винер Лајф на своите клиенти им нуди финансиска сигурност и гарантира целосна безбедност на инвестираните средства.Кредитното животно осигурување е еден од најпопуларните и барани производи на осигурителните пазари, во кој што животното осигурување го покри