Крејг Робертс: Доколку Русија ја суспендира испораката на нафта и гас- украинската криза моментално ќе заврши!

Доколку рускиот претседател Владимир Путин, како одговор на сите нови санкции против својата земја, ја суспендира испораката на нафта и гас во Европската Унија- украинската криза веднаш ќе заврши, а ЕУ конечно ќе се сврти кон САД – оценил поранешниот помошник на министерот за финансии на САД и светски познатиот политички и економски коментатор Пол Крејг Робертс.Ситуацијата во Украина е инструмент кој Вашингтон го користи за подгревање на меѓународните односи. Санкциите се нов провокациски чекор кој води кон војна“- предупредува Крејг Робертс.
Истовремено укажал на тоа дека не е ни малку случајно што ЕУ вовела санкции против руските нафтени компании, а не го ни допрела рускиот гас од кој зависи.
Според неговата проценка, доколку Русија одлучи да ја прекине испораката на гас – „Европа ќе падне бидејќи без руските енергенси не може да ја преживее зимата, а нејзината индустрија ќе застане. А тоа ќе биде крај на светот. Крај кој ќе стави точка на сета несреќа во Украина“.
Крејг Робертс смета дека САД води економска војна против Русија по повод Украина чиј цел е заштита на доларот, односно – лишување на светот од можноста во тргувањето да користи алтернативна валута, поготово во тргувањето со енергенсите.
Но, санкциите, сосема обратно, ги присилуваат Кина и Русија- уверен е Робертс – да ја забрзаат реализацијата на сопствениот план за формирање нов финансиски систем кој ќе ја ослабне доминацијата на доларот во сите сфери на светското тргување.

Во Брисел, заклучува Крејг Робертс, прекинот на испорака на гас и нафта не го сметаат за реална опасност, но тоа е неизбежно доколку ЕУ продолжи да ја следи политиката на САД кои против Русија водат економска војна со туѓи раце.
„За Москва заострување на контрасанкциите- додал Ктрјг – е единствен начин да се сочуваат приоритетните односи со ЕУ. Вашнгтон ќе го зголемува притисокот врз Москва се додека таа не и покаже на ЕУ колку ќе ја чини тоа. Внимателните одговори на снанкциите се – грешка. Русија би можела да ја забрани продажбата на природниот гас за земјите членки на НАТО и дури и да побара тој да биде исплаќан во рубји“.
„Се уште не е јасно од што ЕУ, чии политичари претерано зависат од САД, повеќе се плаши: прекинот на дотокот на рускиот гас или гневот на Вашингтон“.Ситуацијата во Украина е инструмент кој Вашингтон го користи за подгревање на меѓународните односи. Санкциите се нов провокациски чекор кој води ко

Пронајдете не на следниве мрежи: