Во средина на равиолите се наоѓа кремаст фил од печурки.
Состојки:
-400 гр брашно
– 1 јајце
– 2 лажици маслиново масло
– 2 помали главици кромид
– чешне лук
– 500 гр печурки шампињони
– 4 лажици путер
– по една лажичка магдонос, мајчина душичка, ситно сецкани
– сол, бибер
– мускантно оревче
– белка од јајце
– 12 листови свежа жалфија
– 75 гр рендан пармезан
Начин на подготовка:
1. Брашното посипете го по работната површина. Во средината направете дупка, па во неа ставете јајце, масло и 8 лажици вода. Од сите состојки замесете меко тесто, па ставете го во влажна кујнска крпа и оставете да мирува околу 40 минути.
2. Излупете го лукчето и кромидот па исечкајте на коцкички. Печурките исечкајте ги исто на коцки. Загрејте лажица масло во тава, па во него издинстајте го кромидот и лукот. Додадете ги печурките и зачините од билки, па динстајте додека водата не испари. Тргнете од оган, зачинете со бибер и мускантно оревче па оставете да се излади.
3. Тестото преполовете го па расукајте го на 2 тенки кори. На растојание од околу 6 см ставете по лажица од направената смеса. Меѓу просторот премачкајте го со белка. Одозгора ставете ја другата кора од тесто. Исечете квадрати или кругови и притиснете ги рабовите на равиолите. Оставете ги да се исушат 10-тина минути, па варете ги околу 10 минути.
4. Преостанатиот путер загрејте го со жалфијата, па прелијте преку равиолите. Посипете пармезан одозгора.
Добар апетит.