Кремљ: Русија во ОН ќе претстави докази дека за хемискиот напад во Сирија виновни се бунтовниците

Loading...

Русија пред Советот за безбедност на ОН ќе претстави докази дека вчерашниот наводен хемиски напад во Сирија всушност е последица на воздушен напад на сириската владина авијација врз згради, во кои бунтовниците произведувале хемиско оружје, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, цитиран од ТАСС.
 Според Песков, Русија во ОН ќе ги претстави денеска објавените податоци на руското Министерство за одбрана, според кои, отровната супстанца, која вчера ја предизвика смртта на голем број луѓе, истекла од бунтовнички склад за хемиско оружје, откако тој бил погоден од сириската авијација.
Западот веднаш го обвини Дамаск дека употребил  хемиско оружје врз бунтовниците, што режимот на Башар ал-Асад го демантираше.
Вашингтон, Париз и Лондон подготвија предлог резолуција на Советот за безбедност на ОН, во која се изразува жалење за хемискиот напад во сириската провинција Идлиб и се бара истрага за него. Русија има право на вето, кое досега секогаш го употребуваше за да ги блокира резолуциите против Асад.
Песков денеска потврди дека вооружените сили на Русија ќе ги продолжат своите „операции за поддршка на антитерористичките операции на вооружените сили на Сирија за ослободување на земјата“.Според Песков, Русија во ОН ќе ги претстави денеска објавените податоци на руското Министерство за одбрана, според кои, отровната супстанца, која в

loading...