Критиката на Ноле упали! Светските медиуми конечно известуваат за поплавите на Балканот!

Критиката на Новак Ѓоковиќ конечно се исплати на крајот. Светските медиуми започнаа да известуваат за поплавите во Србија и Босна, а првиот од нив беше ВВС.Светските медиуми ги карактеризираат поплавите во Србија и БиХ како најлоши во последните 120 години откако се вршат мерењата, наведувајќи дека во тие земји за три дена паднало тримесечно количество на дожд, како и дека се очекува нов бран на поплави од реката Сава.
ВВС истакна дека српските власти одбиле да го објават бројот на мртвите во поплавите во Обреновац. Тие наведуваат дека врвот на бранот на поплави би можел да ја загрози и најголемата термоелектрана во земјата – „Никола Тесла“ во Обреновац.
ВВС додава дека е тешка и ситуацијата и во Босна, каде што лизгањето на земјиштето ги затрупа куќите и ги помрдна минските полиња кои беа поставени за време на војната во 1990 година и дека скоро третина од нејзината територија е погодена, а најмногу североистокот на земјата.
Според Центарот за отстранување на мини во БиХ, во таа земја останаа повеќе од 100.000 мини, а ВВС предупредува дека кога ќе се повлечат водите, експертите за отстранување на мини ќе мораат веднаш да стапат во акција.

 
CNN: Најлоши поплави уште откога бележат податоците
CNN додаде дека спасувачите почнале да ги пронаоѓаат првите тела од настраданите во поплавите во Обреновац, цитирајќи го премиерот на Србија Александар Вучиќ, кој изрази загриженост за тоа колку тела би можеле да бидат пронајдени кога ќе се повлече водата.
Вучиќ вчера им рече на новинарите дека само во Обреновац засега се пронајдени тела од 12 загинати луѓе.
Новак Ѓоковиќ по победата над Милош Раониќ во Рим, изјави дека поплавите во Србија се со библиски размери и дека светските телевизиски куќи како што се CNN и ВВС, не обрнуваат доволно внимание за оваа ситуација.
„Морам тоа да го истакнам, сега и секогаш кога тоа е можно, бидејќи главните меѓународни медиуми како што се ВВС и CNN, потценуваат многу работи што се случуваат во Србија и Босна. Ова е една од најлошите поплави видени досега, многу градови се евакуирани, половина од мојата земја можеби нема да има струја… Тоа мора да му се покаже на светот, потребна ни е помош“, апелираше Ноле, а пренесоа српските медиуми. 

Worst floods in the Balkans for decades threaten Serbia's main power plant, officials say https://t.co/DOMROeU8dF pic.twitter.com/sloyX6ddUd
— BBC News (World) (@BBCWorld) May 18, 2014
Светските медиуми ги карактеризираат поплавите во Србија и БиХ како најлоши во последните 120 години откако се вршат мерењата, наведувајќи дека во

Пронајдете не на следниве мрежи: