Општина Крива Паланка и Агенцијата за спорт и млади добија задолжение за утврдување на активностите за изработка на техничка документација за преадаптирање на недовршената спортска сала во затворен базен.Градоначалникот на Kрива Паланка, Арсенчо Алексовски рече дека инцијативата за изградба на затворен базен била негова, а по разговорите со доскорашниот премиер и актуелен претседател на владејачката партија Никола Груевски добил позитивен одговор на барањето.
– Мојата иницијатива е од пред една година, горд сум што Крива Паланка ќе добие ваков, повеќе од потребен, спортски објект. Ние како општина веќе направивме спортска сала, поради што сметавме дека постојната сала која е недоизградена да биде пренаменета во базен. Ова ќе биде полн погодок за мојот град, изјави Алексовски.
Во моментот се подготвува градежно-техничка документација за спортската сала. Веќе е направено идејно решение за преадаптација на салата кое ќе биде доставено до Агенцијата за спорт и млади и до Владата на РМ.
– Сега се врши решавање на проектната документација која ќе трпи одредени промени, но во секој случај ова е голема работа за Крива Паланка, да добиеме затворен базен. Тоа ќе значи промена и модернизација на животот на граѓаните на нашата општина, всадување на здрави животни навики и унапредување на спортските перформанси на дечињата. Исто така ќе се надополнат спортските содржини во градот и младите ќе имаат можност за повеќе алтернативи за спорт, за што сум особено благодарен на Владата на Република Македонија, вели Алексовски.
Градбата на спорстката сала, која сега е само карабина-конструкција, почна во 2000 година. Истата ќе биде преадаптирана во затворен базен.Градоначалникот на Kрива Паланка, Арсенчо Алексовски рече дека инцијативата за изградба на затворен базен била негова, а по разговорите со доскораш