Помош за настраданите од поплавите во Скопско денеска се собираше и во општина Кривогаштани во објектот на територијалната против пожарна одбрана каде имаше поставено пункт за донација. Инаку општината уште вчера испрати свои екипи за помош во Скопје.„Во текот на вчерашниот ден во комуникација со претставници на Владата и Град Скопје ние како општина веднаш испративме тим составен од членови на ЈКП „Пелагонија“ и ТППЕ Кривогаштани со цел справување и исцрпување на водата од загрозените населени места во скопско и во таа насока испративме неколку пумпи и една цистерна, колку што ни давата нашите можности. Еве денеска се организиравме како општина и со пункт за хуманитарна помош и ги повикувам сите граѓани на Кривогаштани да ја покажат својата хуманост и да донираат за настраданите подрачја“, рече Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.
Жителите на Кривогаштани како и многу пати досега ја покажаа својата хуманост и несебично донираа, вода, храна и хигиенски средства за настраданите од поплавите.
„Донираме за населението што е поплавено во Скопје, треба сите ние да ја покажеме нашата хуманост исто како и тие што ја покажаа својата кога нашиот регион беше поплавен лани. Треба сите да донираат според своите можности“, велат жителите на Општина Кривогаштани.
Од општината информираат дека досега дониирале локалната самоуправа, општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ЈКП„Пелагонија“, „Катмеровски компани“, „Везе Шари“, „ИГА“, „Гонито“, „Стела турс“, „Вентура“, „Агро ботаник“, „Бакалески промет“, „Кривогаштани промет“, „Стефан дооел“, „Мапи транс“ и голем број на граѓани.
Собрани биле околу 4 тони на вода и повеќе килограми на конзервирана храна, бебешка опрема и средства за хигиена.„Во текот на вчерашниот ден во комуникација со претставници на Владата и Град Скопје ние како општина веднаш испративме тим составен од члено