Се формираше кризен штаб за одбрана на Уставот и ИМЕТО на Република Македонија

Денес околу 85 – политички партии, невпадини , граѓански здруженија од земјата и странство потпишаа Повелба со која се формираше на Кризен штаб против промена на Уставот на Република Македонија, распуштање на Собранието и распишување на предвремени парламентарни избори.
Кризниот штаб ќе организира протести пред Собранието на Република Македонија, пред домовите на пратениците кои гласаа за уставните измени, блокада на патишта и гранични премини и други форми на отпор под чиј притисок Владата и Зоран Заев ќе бидат принудени да си заминат, велат од штабот.
„Антимакедонските политики го допреа дното, нема да дозволиме марионетската власт во Скопје да избрише се што е македонско иќе победиме за да останеме свои на своето, трето нема. До коска е дојдено. Целта на сенародниот отпор е со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер – беше истакнато меѓyдругото на потпишувањето на Повелбата за стратешка соработка” се вели во соопштението издадено по настанот.
Кризниот штаб против промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување на избори ќе настапува под слоганот „Македонија-Блокира“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.