Крупањ доживеа катаклизма: Сведоштво за готово целосно разорување на ова мало место!

Крупањ веќе неколку дена практично е отсечен од светот и нема ни вода, ни струја. Од  Лозница тргнаа голем број на џипови и патнички автомобили, а Кризниот штаб од Лозница упати три камиони со ланч пакети, вода и облека. Натаму се упатија и голем број на луѓе кои пешки ќе ги пренесат работите до Крупањ, доколку возилата не бидат во можност да поминат.Граѓаните се во тешка ситуација и со денови молат за помош која никако не може да стигне до нив, бидејќи патот од Лозница преку Столица е во прекин поради одрон, додека другиот пат преку Завлака е исто така прекинат поради урнатиот мост.
Предраг Мариќ изјави дека припадниците на кризниот штаб дури ова утро успеале да стигнат во градот, каде што преку 200 куќи се срамнети со земја, а на граѓаните им се најпотребни вода за пиење и храна.

Стигнати се и неколку хеликоптерски единици со тимови за спасување, кои допремија храна, лекови и вода и им пружија помош на најзагрозените.
Нови Сад денеска упати и тешка механизација во тој град, која треба да помогне при расчистувањето на патиштата и теренот, со цел барем некој од патните правци да бидат достапни. Но, дополнителни проблеми се создаваат поради одроните и лизгањето на земјиштето.
Граѓаните се во тешка ситуација и со денови молат за помош која никако не може да стигне до нив, бидејќи патот од Лозница преку Столица е во прекин

Пронајдете не на следниве мрежи: