Уште еден капитален инфрастуктурен проект е во завршна фаза во Берово. Проектот за изградба на кружна раскрсница на влезот во Берово кој Општина Берово го реализира со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој е проект од огромна важност кој во голема мера ќе ја зголеми безбедноста на собраќајот во овој дел од градот.До завршувањето на проектот останаа уште доуредување на тротоарските површини и уредување на кругот каде е предвидено хортикултурно уредување со зеленило со што ќе се постигне комплетност на целиот проект, известуваат од општината.
Според жителите на Берово овој проект е од исклучителна важност бидејќи влезот на Берово и оваа раскрсница беше со доста лошо сообраќајно решение, а кружниот тек и поставеното осветлување според нормативите за вакви раскрници е нешто кое беше и повеќе од потребно за овој простор.
Вкупната инвестиција за проектот е 8.530.000 денари кои се обезбедени од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој и од Буџетот на Општина Берово.До завршувањето на проектот останаа уште доуредување на тротоарските површини и уредување на кругот каде е предвидено хортикултурно уредување со зе