Крвав инцидент сред Рамазан- Убиени најмалку 20 луѓе!

Во експлозија на автомобил бомба во ирачкиот град Хан Бани Сад се убиени најмалку дваесетина луѓе, имало и деца. Крвавиот инцидент се случил на пазар каде што го прославувале рамазанскиот Бајрам, објави локалната полиција.Во овој терористички напад изведен во градот кој е оддалечен околу 30 километри од ирачката престолнина Багдад, има и најмалку 50 ранети.
Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, меѓутоа познато е дека сунитските џихадисти од Исламската држава, кои контролираа големи области од северен и западен Ирак, претходно изведуваа слични напади во етнички и конфесионално мешаната покраина Дијала, каде се наоѓа градот Хан Бани Сад.
По експлозијата разгневената маса почнала да ги уништува паркираните возила.
„Некои луѓе земаа сандаци за овошје и зеленчук за во нив да ги соберат деловите од разнесените детски тела“, изјави за AFP полицискиот началник Ахмед ал-Тани и додаде дека сцените на пазарот биле „грозоморни“.Во овој терористички напад изведен во градот кој е оддалечен околу 30 километри од ирачката престолнина Багдад, има и најмалку 50 ранети.
З

Пронајдете не на следниве мрежи: