КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО ВЛАДАТА: Со ладно оружје нападнат вработен во Владата, МВР и Рашковски молчат!

Транспарентност на владата не значи само отворени порти на објектот туку и транспарентност за настаните кои се случуваат внатре во владатаВо вторникот од доверливи извори дознаваме дека во инцидент со ладно оружје едно лице вработено во владата било повредено и пренесно до државна болница со амбулантно возило.
Крвави траги, според информациите кои ни ги споделија очевидци, можеле да се видат од канцеларијата до возилото со кое што е изнесено лицето. По инцидентот во дворот на владата можеше да се забележи едно амбулантно возило и раздвиженост на обезбедувањето. Подоцна во дворот на владата излезе и вицепремиерот за европски прашања кој по професија е доктор Бујар Османи. Тој беше видно потресен и разговаше со вработените на брзата помош и обезбедувањето.

МВР молчи за крвавиот инцидент отварајќи простор за шпекулации. Инаку инцидентот воопшто не е евидентиран во полицискиот билтен ниту пак за него е информирано во медиумите. Дури и амбулантното возило се движело со огромна брзина, но со згаснати сирени. Останува мистерија кој сакал и што сакал да сокрие?Индикативно е што после инцидентот генералниот секретар на владата Драги Рашковски, до вработените испратил писмо во кое бара меѓусебно да се шпиунираат и во пликоа до него да доставуваат информации за какви било сомнителни ситуации. Ова писмо беше испратено и до редакцијата на Инфомакс, а од вработените се толкува како уште еден притисок и класичен мобинг.
ИЗВОР: iNFOMAX.мкВо вторникот од доверливи извори дознаваме дека во инцидент со ладно оружје едно лице вработено во владата било повредено и пренесно до државна бол

Пронајдете не на следниве мрежи: