Претставници на општинската администрација, советници, претставници на сите месни и урбани заедници од општината, вработени и директори на основните училишта и градинките од овој дел на градот, жители на општина Кисела Вода, денес беа дел од акцијата за дарување крв, организирана од општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина.Во периодот од 11 до 15 часот, во Големата сала, 46 хумани граѓани донираа крв и со тоа ја изразија својата желба да помогнат и да спасат нечиј живот.
Крводарителската акција е традиционална и се одвива неколку пати годишно.
Најмладиот дарител на денешната акција која се одржа под мотото „Придружете ни се да даруваме крв денес, зошто утре можеби и нам ќе ни треба!” имаше 20 години, а највозрасниот 65.
Меѓу дарителите имаше и такви кои имаат ретка крвна група и нови, кои за прв пат даруваат крв.Во периодот од 11 до 15 часот, во Големата сала, 46 хумани граѓани донираа крв и со тоа ја изразија својата желба да помогнат и да спасат нечиј жив