Наоружани напаѓачи брутално ликвидирале три манекенки на улица среде бел ден во Тегучигалпа, главниот град на Хондурас.Алма Мариела Варгас (28), Маделин Рамирез Замбрано (21) и Бланка Веласкез Алехандра Мехија (20), се возеле во автомобил кога патот им бил пресечен од еден мотоциклист и уште едно возило.
Следело вистинско крвопролевање, во кое наоружаните напаѓачи ги извлекле манекенките од возилото, ги наредиле да легнат на земјата и ги застрелале, пренесоа странските медиуми.
Уште еден маж и девојка кои биле во автомобилот со девојките, биле повредени во пукотницата која му претходела на крвопролевањето и префрлени се во локалната болница.
Полицијата пронајде остатоци од 15 куршуми на местото на злосторството.
Еден полицаец изјави за локалните медиуми дека напаѓачите барале една од манекенките по име и презиме, пред да ги убијат.
Убиствата се случиле по апсењето на Хозе Мигел Чепе Хендал, за кој се шпекулира дека е лидер на нарко картел во Хондурас, кој ги коориднирал пратките со колумбиски кокаин до мексиканските картели и САД.
Сѐ уште не се знае дали настаните се поврзани.Алма Мариела Варгас (28), Маделин Рамирез Замбрано (21) и Бланка Веласкез Алехандра Мехија (20), се возеле во автомобил кога патот им бил пресечен