Кржалоски оствари средба со директорот на ЈП Службен гласник на Република Србија

В.д. директорот на ЈП Службен весник на Република Македонија, Лука Кржалоски денеска во Белград се сретна со директорот на ЈП Службен гласник на Република Србија, Јелена Триван.Од ЈП Службен весник на Република Македонија соопштија дека двајцата колеги дискутирале за можностите за размена на искуства, во однос на делокругот на работата, продукцијата на изданијата, како на службениот весник, така и на правната и друга литература, изработката на пречистените прописи, како и изнаоѓање на други дополнителни начини на финансирање на институциите.
Кржалоски изразил надеж дека меѓусебната соработка ќе се продлабочува и во делот нудење на нови услуги и сервиси и пратење на актуелните трендови и побарувања од страна на корисниците со што ќе се постигне зголемување на бројот на претплатниците,
Во рамки на посетата, Кржалоски остварил средби и со претставници на овластените издавачи од Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Српска и Црна Гора со цел покренување иницијативи за регионална соработка за зајакнување на капацитетите на службените весници.
Делегацијата на ЈП Службен весник на Република Македонија, како што се наведува, била гостин на 61. Меѓународен Белградски саем на книгата.Од ЈП Службен весник на Република Македонија соопштија дека двајцата колеги дискутирале за можностите за размена на искуства, во однос на делокруго

Пронајдете не на следниве мрежи: