КСС бара да почне да функционира Економско-социјалниот совет

Конференцијата на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), како највисок постојан орган пoмeѓу  два конгреса, на редовната седница одржана на 28.06.2017 година, меѓу другото, расправаше за актуелните состојби во делот на работните односи, социјаланото партнерство и социјалниот дијалог помеѓу партнерите на сите нивоа, со посебен акцент на прашања сврзани со надлежностите на Конфедерацијата како репрезентативна  федерација  на  национално  ниво  и  членка   на   Економско   социјалниот совет.Конференцијата констатира дека долготрајната политичка криза во земјата директно влијаеше и врз економските  движења  кои  силно  рефлектираа  и  на  вкупниот  социјален статус на вработените, а со тоа и на нивните семејства. Така влошените енономско социјални состојби и изместените нормални функионирања на највисоките државни органи неизбежно влијаеа и врз изместувато  на  нормалното  фуннционирање  на социјалниот дијалог, а со тоа и недостиг на резултати кои бea и се од големо значење за вкупните општествено-економски движења во државата.
Конференцијата ги подржува вкупните напори за надминување на споменатите состојби и во оваа прилика јавно и јасно ја изразува својата позиција на одговорен, легален и легитимен социјален субјект кој непоколебливо ке продолжи да ја остварува својата фуннција во рамките на Уставот, законите на државата, како и на меѓународните конвенции и меѓународната пракса на синдикално фунционирање во демократските земји.
Конференцијата врз основа на направените согледувања и по претходно разгледување и одобрување од страна на Извршниот одбор на КСС, на споменатата седница ги усвои следните:
СТАВОВИ И БАРАЊА
Очекуваме и инсистираме сите државни органи, а пред се Владата со ресорните министерства да ги остваруваат програмските цели и вкурно нивната надлежност исклучиво во рамките на Уставот, важечките закони и мегународните правни документи  кои  ги  има  ратификувано  Република  Македонија.
Укажуваме дека претставници на одредени ресорни министерства во последните неколку седници дадоа јавни изјави во врска со прашања целосно или тесно поврзани со социјалното партнерство и социјалниот дијалог кои се целосно во спротивност  со  одредбите  од  Законов  за  работни  односи  и  меѓународни  конвенции.
Во тој контекст организирани се и одредени официјални состаноци  по прашања кои се   целосно    во   надлежност    на   социјалните    партнери      (власта   на   сите     нивоа, Здружение  на работодавачи   и синдикатите),  а на таквите  состаноци  официјално  бea Конфедерација  на слободни  синдикати  на Македонија-Confederation  of Free Trade Unions of Macedonia, поканети да дебатнраат претставници на невладини и грагански организации, кои немаат никаква надлежност по таквите прашања, што е  преседан  во  барем европската пракса.
Најеклатантен пример е изјавата на ресорен министер дека ќе го смени Деловникот за работа на Економсио социјалниот совет, дека не признава репрезентативност на синдикатите кои го имаат тој статус и смета дека се репрезентативни синдикати кои ниту го имале, ниту па го имаат тој статус!!!
Одржување на  тркалезни  маси,  пленуми,  трибини  и  слично  околу  минималната плата со лицитирање за нејзината висина, без претходно да бидат сослушани легитимните  претставници  на работодавците  и на  синдикатите.
Игнорирање на писмени барања од повеќе репрезентативни синдикати за средба со претставници на одредни  ресорни  министерства  за  актуелни  прашања  од надлежност на тие министерства и на репрезентативните  синдикати во тие гранки и дејности, а спротивно од тоа званични средби со претставници на синдикати кои никогаш ниту биле, ниту сeгa се репрезентативни за да имаат законско право за преговарање на кое било ниво.
Конференцијата врз основа на горенаведените искажани ставови ги усвои следните барања:

Итно да почне со функционирање Економско социјалниот совет на национално ниво, согласно одредбите од Законот за работни односи, Спогодбата помеѓу легитимнмте социјални партнери за неговото формирање и Деловникот за работа на истиот.
КСС покренува иницијатива надлежното министерство, односно MTCП да пристапи кон постапка за носење на Закон за синдикатите, според искуството од најдемократските држави, а секако со целосно вклучуваіье на сите  легитимни субјекти  за  носење  на  таков  закон.
Економско социјалниот совет да биде целосно вклучен во договарање околу висината на минималната плата со целосно согледување на влијанието врз сите останати степени ва сложеност на работните места, особено во јавниот сектор, со цел да се отстрани можноста од губење на мотивација кај посложените работни места доколку дојде до неприфатливо стеснуваіье на распонот на платите.

КСС има посебна причина да биде особено активна и вклучена во договарањето за висина на минималната плата, заради неспорниот факт дека е иницијатор на активностите за утврдување на минималната плата во времето кога истата воопшто ниту постоеше во државата, ниту беше во тоа време сериозно разгледувано ова прашање (крајот на 2005, почетокот на 2006 година).

Целосно спроведување на важечките Колективни договори на сите нивоа и санкционирање на правните или физичките лица кај кои ќе се утврди непочитување на оваа законска обврска.
КСС бара Владата преку ресорното министерство, а во согласност со сите социјални партнери да покрене иницијатива за утврдување на дополнителни услови за предвремено пензионирање со откуп на стаж за најмалку за 2 последни години, а особено во претпријатијата и установите што се објективно се појавува проблем со технолошки вишок.
КСС и предлага на Владата сериозно да ја разгледа можноста за воведување на флексибилно работно време и тоа по модел на летно и зимско работно време.
КСС и нејзините органи во целост им даваат поддршка на сите барања од гранските синдикати членки на нашата конфедерација, кои имаат доставено до ресорните министерства или дополнително ќе достават, а истите се во рамките на надлежностите утврдено со Законот за работни односи, Општите колективни договори, како и Колективните договори на гранско ниво.
Конфедерацијата на КСС бара резолуциите усвоени на последниот Конгрес на КСС да бидат ставени на дневен ред на Економско социјалниот свет, како и пред надлежните органи и по истите да има соодветна постапка.

 
Конфедерацијата на КСС го потикнува раководството на КСС во текот на наредните три месеци да биде организатор на поширока Конференција на која ќе бидат поканети сите социлајни партнери од државата, како и преставници на Светската и Европската конфедерација на назависни синдикати, во кои КСС редовно е членка и преставници на репрезентативните синдикални федерации од нашиот регион. Главна тема на конференцијата да биде-социјално партнерство и дијалог и статусот на сидикатите во нашата земја, споредено со состојбите во регионот и пошироко.
 Конференцијата констатира дека долготрајната политичка криза во земјата директно влијаеше и врз економските  движења  кои  силно &nb

Пронајдете не на следниве мрежи: