Куче возач, ја гризело рачната кочница и автомобилот тргнал

Една жена во Самобор, Хрватска го оставила кучето заклучено во автомобилот, и тоа решило малку да се позабавува.Сопственичката на кучето отишла во супермаркет и го оставила кучето во автомобилот. Тоа се префрлило на предното седиште и неколку пати свирело со свирката на управувачот.
Потоа почнало да ја глода рачната кочница, при што ја ослободило и автомобилот се придвижил неколку метри и потоа удрил во друг паркиран автомобил.

 
Кога сопственичката се вратила, била лута оти мислела дека некој намерно го паркирал својот автомобил пред нејзиниот, по што го повикала дежурниот општински редар.
Откако сфатила што се случило, сопственичката на кучето се договорила со сопственикот на другиот автомобил околу надоместувањето на штетата и секој си продолжил по својот пат. Кучето се уште го гризе совеста.Сопственичката на кучето отишла во супермаркет и го оставила кучето во автомобилот. Тоа се префрлило на предното седиште и неколку пати свирело со

Пронајдете не на следниве мрежи: