Повеќегодишната соработка која ја имаат двете културно уметнички друштва КУД “Димитар Беровски“ од Берово и КУД “Љубомир Иванович – Геџа“ од Ковачевац, Република Србија и оваа година резултураше со исклучителни концерти во Берово и Русиново.По неколкудневното дружење на членовите на двата КУД-ови и одржаните концерти во Берово на 19-ти и Русиново на 20-ти јуни кои имаа огромна посетеност, гостите од Србија беа на средба со градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински кој го изрази своето огромно задоволство од оваа соработка која истакна дека е од исклучетелна важност да се продолжи во оваа насока која допринесува за зближување на членовите и децата од двете општини.
Во чест на оваа соработка и продолжување на истата, градоначалникот на гостите им подари уметничка слика со фрагмент од Берово со што ја изрази благодарноста за успешните настапи во Берово.
Соработката продолжува и во следниот период со гостување на КУД “Димитар Беровски“ со настапат во Ковачевац на 14 јули 2016 година.По неколкудневното дружење на членовите на двата КУД-ови и одржаните концерти во Берово на 19-ти и Русиново на 20-ти јуни кои имаа огромна посетено