КУД „Китка“ од Драчево со својот настап го збогати клутурното лето „Три круши 2017“

Синоќа на летната сцена во верско рекреативниот центар “Три круши“ членовите на КУД Китка одржаа преубав концерт.Околу 80 членови на КУД “Китка“ од Драчево синоќешниот концерт го започнаа со изведба на нивното традиционално оро Драчевка – Водарки за кое кореографската постановка ја има направено Атанас Коларовски од Драчево, а музичката обработка е на познатиот македонски доајен Трајко Прокопиев.Потоа следуваа и многу познати македонски традиционални ора како “Бовчанско оро“, се одигра и познатото македонско “Пајдушко оро“, а од сцената можеше да се слушнат и видат игри и песни од источниот дел на нашата земја. Бројната публика видно задоволна од настапот на КУД “Китка“ имаше можност да ги види уникатните традиционални македонски носии од Драчево, Раштак и источна Македонија.Ова културно уметничко друштво кое наредната година ќе прослави јубилејни 50 години, од почетокот на своето постоење па се досега успешно придонесува за афирмација на македонскиот фолклор и традиција ширум светот.Овој концерт е уште еден во низата успешни концерти, кои општина Кисела Вода по дванаесети пат ги организира во рамки на Културното лето “Три круши 2017“.Веќе вечерва публиката ќе има можност да ужива во прекрасниот глас на нашата најквалитетна македонска фолк ѕвезда Сузана Спасовска и музичката група Академци, со чиј концерт свечено ќе се затвори овогодинешното културно лето “Три круши 2017“.Околу 80 членови на КУД “Китка“ од Драчево синоќешниот концерт го започнаа со изведба на нивното традиционално оро Драчевка – Вод

Пронајдете не на следниве мрежи: