Во срцето на Битола, спроти Градската Саат Кула, во сабота, 24-ти декември, по четврти пат и оваа година започнува хуманитарната акција “Куќичката на Дедо Мраз”. Точно на пладне со настапот на детскиот хор “Ѕвончиња” се отвора Куќичката на Дедо Мраз.
Во внатрешноста на објектот децата ќе можат да се запознаат и фотографираат со најсаканиот дедо на светот, а заедно со нивните родители да се вклучат во големата хуманитарна акција. Во куќарката, на собирните пунктови може да се донира облека, играчки и нерасиплива храна. Донациите се наменети за социјално ранливи семејства од Битола и околината. Куќичката ќе биде отворена се до 30-ви декември, а ќе работи од 11 до 20 часот.
Ајде да ги научиме нашите деца за моќта на хуманоста и да им дозволиме да ја почувствуваат магијата на празниците!
Помогнете и годинава, подадете рака, споделете насмевка!
Зад овој настан стојат неколку девојки кои веруваат во моќта на хуманоста!
Настанот е поддржан од Општина Битола, ЈП Комуналец, НУ Центар за Култура и Народен театар -Битола.
Тимот на „Куќичката на Дедо Мраз”
Точно на пладне со настапот на детскиот хор “Ѕвончиња” се отвора Куќичката на Дедо Мраз.
Во внатрешно