Кумановчани на тропски температури со денови се без вода

Без вода се оставени, градинките,  здравствените установи, пензионерските домови. Се случува да иако јавните претпријатијата се превработени, нема доволно кадри да испратат на терен, и се чека подолго време да се започне со санирање на дефектите. Се случува да и граѓаните сами се вклучат во санирање заедно со службите кои едвај доаѓаат, само побрзо да се реши проблемот, изјави претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, Драган Петковски.Куманово веќе месец дена се соочува со недостиг на вода, граѓаните мака мачат со нивните секојдневни обврски на овие тропски температури.
После 48 часа од алармирањето, поедини делови на Куманово повторно се без капка вода, а другите делови од градот е со значително намален притисок. Срамно е после 27 години да не се изгради стабилна водоснабдителна инфраструктура. Се уште пиеме вода од цевки кои се поставени речиси пред еден век и кои се под знак прашање за бактериолошката безбедност на водата.
Европското Куманово на градоначалникот е оставено со години да тоне и без елементарни услови за живот. Се сменија повеќе директори на јавните претпријатија, но залудно. Зад нив освен се повеќе и повеќе превработеност, се повеќе и повеќе задолжувања на претпријатијата, нема ниту една инвестиција и проект кој би бил за доброто на градот. Се оди дури до таму да за да се покријат настанатите долговите, се става под хипотека имотот на граѓаните.
Граѓаните всушност не ја плаќаат најскапата вода во државава, туку сметките од нерационалното работење на градоначалникот Дамјановски и неговите директори на јавните претпријатија.
Ситуацијата во населбите и во централното градско подрачје е иста, секојдневно пукаат цевки, а граѓаните и фирмите не се во можност да ги извршуваат своите секојдневни обврски. Една од причините за недостиг на вода е и урбаната мафија на СДС и градоначалникот Дамјановски, односно непланското градење на згради, a дотраениот систем за водоснабдување очигледно не е предвиден за вакво дополнително оптоварување.
Без вода се оставени, градинките,  здравствените установи, пензионерските домови. Се случува да иако јавните претпријатијата се превработени, нема доволно кадри да испратат на терен, и се чека подолго време да се започне со санирање на дефектите. Се случува да и граѓаните сами се вклучат во санирање заедно со службите кои едвај доаѓаат, само побрзо да се реши проблемот.
Градоначалникот мора да понесе морална одговорност пред граѓаните и да се зафати со работа.
Граѓаните не ги заборавиле вашите ветувања.Куманово веќе месец дена се соочува со недостиг на вода, граѓаните мака мачат со нивните секојдневни обврски на овие тропски температури.
П

Пронајдете не на следниве мрежи: