Куновска до Анѓушев: Прв знак дека некој е лопов е откажувањето од плата

Актерката Софија Куновска е само уште една од низата луге од СДСМ или блиски до СДСМ кои излегоа со критика за работата на новата Влада. Таа на Фејсбук напиша дека прв знак ако некој се откажува од плата или надомест е дека сака да краде.-Прв знак дека некој е лопов е откажувањето од плата или надомест. Тоа ме упатува на сомнеж дека платата е трошка во однос на тоа другото на кое се надева, напиша Куновска на Фејсбук.
Овој пост најверојатно се однесува на Кочо Анѓушев, кој што се откажа од својата плата, но подоцна видовме како неговите фирми добиваат тендери од Владата, во која тој е вицепремиер.

Инаку, да потсетиме само 10 дена откако беше назначен за генерален директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, му доделил тендер на фирмата „Фероинвест“, која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра, пренесува Република.
На 15 август 2017 година директорот Миновски заедно со комерцијален директор Марјанчо Николов, поранешен пратеник на СДСМ од Велес, донеле одлука по јавна набавка бр.01-125/2016 со предмет на набавка Транспортни ленти за ПЕ Рудник. Од вкупно предвидените 258.300.000 денари за оваа набавка повеќе од половината односно 140.086.090 денари без ДДВ му се доделени на конзорциумот составен од „Фероинвест“ од Македонија и Озербанд од Турција кои добиле 3 од 5-те предвидени лота за оваа набавка.
Граѓаните се сомневаат дека целта на Кочо Анѓушев е поуспешен живот за граѓаните, тие велат дека само неговите бизнис интереси се оние поради кои тој е дел од Владата.
 -Прв знак дека некој е лопов е откажувањето од плата или надомест. Тоа ме упатува на сомнеж дека платата е трошка во однос на тоа другото на кое се

Пронајдете не на следниве мрежи: