Навистина е тешко да се биде модерен родител во 2014-та година. Вашите деца сакаат паметни телефони, но со тоа им давате пристап и до светот на Интернетот…место кое и знае да не биде баш пријателски настроено кон најмладите…Компанијата Kurio верува дека го има лекот за овој проблем, со дизајнирањето на „најбезбедниот Android телефон за деца“. Родителите ќе може да контролираат кои апликации ќе бидат инсталирани и блокирани, понатаму ќе може да блокираат одредени луѓе од именикот и да изберат до 5 контакти како примарни, кои не можат да бидат избришани од страна на детето.
Родителите ќе може да контролираат колку минути детето збори на телефонот, колку СМС пораки праќа (и нивната содржина), а GPS-от на телефонот може да ја праќа локацијата на детето на секои 15, 30 или 60 минути. Доколку сакате, можете да наместите предната камера да слика секогаш кога ќе биде пуштен телефонот, потоа да добивате нотификации кога батеријата ќе биде празна или кога сим-картичката ќе биде извадена.
Повеќе на: GSM.mkКомпанијата Kurio верува дека го има лекот за овој проблем, со дизајнирањето на „најбезбедниот Android телефон за деца“. Родителите ќе