Лабуништа и Боровец одржаа масовен протест против одлуките на министрите на ДУИ и Зијадин Села

Жители на населените места Лабуништа и боровец денеска одржаа масовен протест против одлуките на министрите на ДУИ и струшкиот градоначалник Зијадин Села.Жителите на Лабуништа и Боровец денес одржаа мирен масовен протест во местото викано Бороечки Стадион, јавуваат локалните медиуми. Протестот беше инициран по повод отварањето и почетокот на новиот нелегален рудник кој се наоѓа во месноста Стрижак.
-Ние како месна заедница Лабуништа врз основа на собраните потписи поднесовме претставка до владата на Р.Македонија и до надлежните министерства.Се надеваме дека во најкраток можен рок ке пратат инспектори на терен и дека нашите барања во целост ке се исполнат т.е укинување односно преиспитување на одлуките  и укинување на истите. Во локацијата Стрижак се лоцирани сите води со кои се снабдуваат овие две населби од околу 12000 жители, така да  постои опасност да ја загубиме водата и овие две населби останат без вода. Се надеваме дека надлежните институции односно министерството за економија и животна средина заедно со владата ке изнајдат решение и овие одлуки ке ги поништат, изјави претседателот на месна заедница Лабуништа, Алија Еипоски.
На отварањето на новиот каменолом  реагира и месната заедница од с.Боровец, тие велат дека во селата Лабуништа и Боровец има пет каменоломи кои го загадуваат воздухот и кои во најбрз можен рок мора да се спречат.
-Денес одржавме мирен протест во име на селаните од с.Боровец и с.Лабуништа. Бараме од министерството за транспорт и врски и екологија под итно да ја повлечат оваа одлука за тендер. Во селото Лабуништа и Боровец има 5 каменоломи, мора сите да се спречат поради закани од згаденост на воздухот и сл. Бараме сите политички партии да се приклучат на нашите барања а воедно и Општина Струга, изјави претседателот на месната заедница од село Боровец Мујага Далипоски.

Од Еколошкото друштво Натура Лаб се задоволни од присуството на населението кои на денешниот протест го искажаа својот револт околу последните случувања со ново отворениот каменолом. Тие бараат министерството за животна средина и економија да си ги преиспитаат своите одлуки за издавање на овие концесии ако воопшто се издадени,односно да се испратат на терен овластени лица да видат каде се наоѓаат и какви последици предизвикуваат тие каменоломи.
 Жителите на Лабуништа и Боровец денес одржаа мирен масовен протест во местото викано Бороечки Стадион, јавуваат локалните медиуми. Протестот беше и

Пронајдете не на следниве мрежи: