ЛАДНА летна салата со пилешко!

Кога ќе дојдат жештините најубаво е да каснете нешто ладно. Затоа ви ја препорачуваме оваа едноставна летна салата која може да ја подготвите и одвечер, да ја изладите во фрижидер и да имате фантастичен ручек, па дури и појадок. Уживајте.Состојки
150 гр пилешко бело месо
2 домати
1 пиперка
100 гр тврдо сирење
2 басмати ориз (може и друг, по избор)
Свеж босилок
Свеж магдонос
2 големи лажици мајонез (полни)
4 лажици пченка
Маслиново масло
Сол и малку оригано
2 чешниња лук
Припрема:
1. Сварете го оризот. Ако користите басмати ориз , исто така можете да го зготвите нормално на или на пареа.
2. Кога оризот ќе биде готов оставете да се излади. Во меѓувреме исецкајте го зеленчукот и сирењето на коцки, лукот, магдоносот и босилекот исечете ги на најсино. Пилешкото насечете го на парчиња, посолете и ставете масло. Пржете во тава да стане златно-кафеаво.
3. Кога оризот ќе се излади додадете го зеленчукот, сирењето, босилокот, магдоносот и лукот, пченката и пилешкото, мајонез, сол, маслиново масло и малку лимонов сок. Се добро измешајте и дополнително зачинете ако сакате.
4. Вака припремената салата ставете ја во фрижидер на барем еден час.
Послужување:
Ладна салата со добра чаша ладно бело вино.
Добар апетит.
Најдобри рецепти, кулинарски трикови, совети за здравје, здрава храна, напитоци, диети и слично, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК, како и на фан страната на Фејсбук.Состојки
150 гр пилешко бело месо
2 домати
1 пиперка
100 гр тврдо сирење
2 басмати ориз (м

Пронајдете не на следниве мрежи: