Двајца биснисмени од Албанија се убиени во градовите Драч и Буклиза. Убиството на двајцата бизнисмени кои се албански државјани се случиле во два различни градови во земјата, а од прилика во исто време.
Првото убиство се случи околу 9 часот во албанскиот туристички центар Драч кога врз 40-годишниот бизнисмен Плаурант Цани, познат претприемач во градежништвото, напад извршиле две лица во моментот кога Цани пиел кафе во еден угостителски објект.
Второто убиство се случило во градот Буклиза, а жртва е 41-годишниот бизнисмен Ќерим Марку, кој менаџира со компанија за хром. Во нападот, исто така, е потешко рането уште едно лице.
Според истрагата, во двата случаи во прашање е расчистување на сметки поради конкуренција во бизнисот.
Полицијата истражува кој точно стои зад овие две ладнокрвни убиства. Убиството на двајцата бизнисмени кои се албански државјани се случиле во два различни градови во земјата, а од прилика во исто време.