Лагите на Ременски целосно разобличени

Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски, денес одржа прес конференција за опозициските медиуми на која обвини дека потпишала исплата на социјална помош и други додатоци но дека наводно Министерството за финансии не им ги префрла на граѓаните.Министерство за финансии веднаш демантираше на овие тврдења на Ременски и посочи дека налозите за социјални надоместоци и другите категории за кои Ременски тврди дека се доцни еден месец со исплата ги има доставено во Трезорот  дури во петокот минатата недела и дека техничката министерка задоцнила со доставување на налозите за исплата.
Порталот Денешен ги објави налозите кои биле доставени до Трезорот и на нив се гледа датумот на нивното доставување со што се потврдува дека техничката министерка најбезобзирно денес ја излажа јавноста и покажа непочитување кон граѓаните обидувајќи се да внесе конфузија и страв кај корисниците. Лага е дека налозите за исплата на правата од социјална и детска заштита за месец март биле однесени во Трезор пред еден месец.
Овие факти покажуваат какво е лицето на техничките министри и политичари на Социјадемократскиот сојуз кој не бираат начин на политичка пресметка. Ременски очигледно тоне во својата неспособност и некадарност како технички министер па користи манипулации како очаен обид за стекнување на политички поени, пишува Денешен.

Министерство за финансии веднаш демантираше на овие тврдења на Ременски и посочи дека налозите за социјални надоместоци и другите категории за кои

Пронајдете не на следниве мрежи: