Last minute” диета-ослабете 4 килограми за 4 дена!

Ви ја претставуваме оваа диета, благодарение на која ќе ги изгубите несаканите килограми на прагот на летото. Бидејќи сè повеќе се ослободуваме од прегратката на зимата и облекуваме полесна гардероба, стануваме се посвесни за својот изглед. Тешката храна во текот на зимата, слатките, намалената физичка активност и невнимателноста доведоа да имаме „појас за спасување“ околу половината. Пред да западнете во очај, и да се фрлите во многу рестриктивна диета која целосно ќе ве исцрпи, дајте и шанса на оваа диета и за само 4 дена ќе ја видите нејзината ефикасност. После тоа, зависи од вас – да се вратите на стариот начин на јадење и однесување или да изберете поздрав пат.
Упатства:
ПРВИОТ ДЕН се нарекува ден на течности и тој е дизајниран да му обезбеди на вашиот дигестивен тракт доволно течности без додаток на соли. На овој начин се борите против задржување на водата во организмот. Тогаш ќе бидете ограничени на максимум 1000 калории на ден, за следните 3 дена. Сепак, ова не треба да ве загрижува затоа што менито е дизајнирано така што му обезбедува на организмот доволно растителна храна богата со протеини и минерали, со многу мала содржина на шеќери и соли, што исто така значи дека нема да бидете гладни.
Како да следиме план за диета во последен момент?
1. И тоа е повеќе од едноставно – следете го четиридневниот план и резултатите нема да изостанат.
2. Исто така е важно да ја измерите вашата тежина, за да можете да го следите губењето на килограмите.
3. Треба да го почитувате распоредот за јадење, но дефинитивно можете да ги замените деновите ако сакате.
4. Сите течности што ги внесувате за време на диетата, мора да бидат без шеќер и алкохол.
5. Брзото одење или која било друга полесна форма на вежбање ќе ви помогне, за да ја зголемите ефикасноста на диетата.


Ден број 1:
Појадок – пијалок од јагода, грст спанаќ и рендан ѓумбир со додаток на млеко
Ручек и вечера – супа од морков и магдонос. Две порции.
Потребни состојки: половина глава црн лук, 250гр моркови, 1 чешне бел лук, сецкан магдонос, ловоров лист по желба.
Подготовка: испржете го црниот лук во малку масло. Додадете ги морковот и белиот лук, и гответе на тивок оган. Додадете вода и зачинете. На самиот крај додадете го и ловоровиот лист.
Ден број 2:
Појадок – чаша 2дл неутрален јогурт со помалку маснотии, со 150гр сок од бобинки. Опционално додајте и една лажичка мед. Може да додадете и неколку семки од сончоглед.
Ручек – зелена салата во комбинација со печени црвени пиперки, зачинета со неколку домати и парчиња сецкани краставици. Во ручекот вклучете и скуша која можете да ја зачините.
Вечера – 150гр шпагети, со 125гр мелено говедско месо и 150гр сос од домати.
Ден број 3:
Појадок – тост со намаз од пире од банана во комбинација со обезмастено млеко.
Ручек – 75гр сецкано моцарела сирење, 150гр домат во комбинација со ситно исецкани лисја од босилек. Послужете со ржан леб и две помали агруми.
Вечера – околу 130гр лосос на скара,со варени компири, зачинети со лажица путер.
Ден број 4:
Појадок – Јајца со печурки зготвени со маслиново масло. Една банана.
Ручек – 300гр супа од зеленчук и едно парче пита. Едно јаболко.
Вечера – пилешки гради без кожа печени во рерна. Незачинета салата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.