Латас: Катица е оценета како промашен проект и од нејзиниот Чадор

Новинарот Драган Павловиќ Латас во својата најнова колумна објавува дека дури и странските амбасадори се незадоволни и разочарани од работата на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.-Нејзините соросоидни партиски медиуми раскажуваат наоди и прес конференции на СЈО три дена пред да се случат. Плус имиња и рекла-казала приказни за уметнички дојам. И после Катица се чуди зошто на неа и на СЈО не им верува никој. Катица е оценета како промашен проект и од нејзиниот Чадор. Дипломатите веќе ја споредуваат со трагикомичните театри на Љубе Бошковски од неговите најславни ријалити денови. Да, Љубе и Катица се иста пара од две страни. Катица тврди дека нема контакт со ниту еден политичар, не ги знае ни нивните телефонски броеви. Еден ден, некој Викиликс, ќе ги објави депешите со сознанија на американската амбасада дека Катица Јанева комуницира и се среќава со Зоран Заев со посредство на член на Државна изборна комисија од СДСМ, плус и преку еден нејзин обвинител. Директните и индиректни комуникации на Заев со Катица, како и неговите јавно испорачувани барања за апсења на неговите политички противници се и законски спорни. Заев е обвинето лице за кое се водат постапки. Ако воопшто се водат, се разбира, пишува Латас.
-Еден нејзин обвинител неодамна му се заканувал на сведок дека има многу компромитирачки разговори за неа, оговарања од нејзини колеги исто така, и треба да биде благодарна што сето тоа не се појавило во јавност… засега. Катица преку партиските соросоиди најавува дека соработувала со американската ФБИ, и ќе и потврделе дека сите телефонски разговори се оригинал. Треба некој да и објасни дека за да се утврди автентичност на телефонски разговор мора да се поседува оригинал од снимката. Не она што е преснимено на ЦеДе, УеСБе… уште помалку пуштено на Јутјуб… дека секоја аудио-видео снимка има интерен код кој се брише или менува при секое преснимување, без оглед дали е целосно, или се работи за подоцнежна монтажа. Ова и го објасниле нашите експерти од информатички факултет, но тоа и било неприфатливо. Ако ФБИ се произнесе околу ова, тоа е најцврст доказ дека Америкнаците ги имаат оригиналните снимки, и дека тие прислушкувале и снимале. Ризикот е голем, не заради нас, туку затоа што таков податок е прилично употреблив за Русите, Турците, а и некои други. Затоа, централна задача на Катица е да докаже дека снимките, незаконски, на нашите телефонски разговори ги правеле во МВР, а не странци. Битно е да остане историски и меѓународно употреблив факт дека Америте немаат врска со тоа. Катица е промашен проект, во тоа нема никакво сомнение. Партиски одмазник како Берија на Сталин. Прашање е само колку Ленче Ристовска може нешто да поправи од тоа. Сите видовме, при ноќниот театар деновиве во МВР, како Ленче Ристовска се обидува ријалити настапот на Катица да го испегла, сведе во нормала и пристојност. Но, без успех. Како што е факт дека општа, па и дипломатска проценка, е дека во ова СЈО нема капацитет и стручност освен кај тројца обвинители, што е јасна најава дека обвиненијата на СЈО ќе паѓаат на суд. СДСМ е тапа, само шест недели пред изборите. Колку се тие повеќе во криза, СЈО е поактивно за да им помогне. Заев толку многу пати јавно објавил дека СЈО е нивна главна алатка за изборите, и тука барем нема потреба никој да се прави луд дека не гледа, заклучува Латас.-Нејзините соросоидни партиски медиуми раскажуваат наоди и прес конференции на СЈО три дена пред да се случат. Плус имиња и рекла-казала приказни з

Пронајдете не на следниве мрежи: