Late Night Shopping окупација на Скопје Сити Мол

Од 17:00 до 24:00 часот. Тоа беше времето кое Скопје Сити Мол го предвиде за најголемиот Late Night Shopping досега организиран во Република Македонија. А резултатот беше навистина импресивен – илјадници луѓе буквално го окупираа молот посетувајќи ги продажните салони на своите омилени брендови кои понудија попусти и до 70%, но и уживајќи во огромниот број дополнителни активности кои самиот мол ги имаше предвидено за нив.Богатата музичка програма, која кулминираше со настапот на Биг Бендот при Македонската Радио Телевизија беше најпријатното изненадување за повеќето посетители. Одлични изведувачи на неколку локации ги забавуваа присутните, па одличната шопинг авантура беше надополнета со квалитетна музика за сечие уво. Посебно атрактивни за посетителите беа кубанската бенд атракција која ги освои со својата харизма и префинет звук.
„Скопје Сити Мол настојува настаните кои ги организира традиционално, од година во година, да бидат се поквалитетни и поиновативни со цел да го задржиме вниманието на посетителите. За таа цел, овогодинешниот Late Night Shopping, покрај најголемиот број и процент на продавници со попусти, вклучи и настап на извонредни артисти, бендови, програма која заврши со Биг Бендот на МТВ. Сакавме да создадеме огромен бесплатен концерт за љубителите на шопингот и на тој начин да ги „одмориме”, пред да продолжат со прошетката. Дополнително, беа овозможени бесплатни коктели за присутните, а секој час доделувавме и маички со потпис и карти за концепртот на Billy Idol во Скопје. Уверен сум дека „Shop ‘n’ Mall” им се допадна на посетителите, за што говори навистина огромната посетеност. Верувам дека вечерва го срушивме и рекордот на посетители во еден момент присутни во молот”, изјави Дарко Панчевски, претставник на маркетинг секторот на Скопје Сити Мол.

 
Теа Модерна традиционално беше партнер на Скопје Сити Мол во организацијата на Late Night Shopping-от. За таа цел, беше креирана Теа Модерна ВИП просторија, каде беа присутни познати македонски музички ѕвезди и јавни личности. Нокаут, Дарко Илиевски, Магдалена и Лазар Цветковски, Тамара, ДНК, Роберт Билбилов, Панки од Куку Леле, Даниел Данн , како и многу други македонски јавни личности дадоа поддршка на настанот. Истите беа дел и од промоцијата на албумот првенец на Димитар Андоновски под наслов „Ова небо знае се”, која се одржа во Скопје Сити Мол.
Настанот Late Night Shopping кој веќе традиционално се одржува со Скопје Сити Мол, дефинитивно станува и негов заштитен знак. Луѓето покажуваат дека овој тип на искуства им се допаѓаат, сакаат да ги посетуваат а тоа е доволен сигнал Скопје Сити Мол да продолжи со создавање интересни концепти за шопинг до полноќ, каков што апсолутно беше овогодинешниот „Shop ‘n’ Mall” Late Night.
Богатата музичка програма, која кулминираше со настапот на Биг Бендот при Македонската Радио Телевизија беше најпријатното изненадување за пов

Пронајдете не на следниве мрежи: