Лавров ги отфрли обвинувањата дека Москва е вмешана во хакерскиот напад врз Демократската партија на САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, ги отфрли обвинувањата дека Москва стои зад хакерскиот напад врз мејл преписката на високи функционери на Демократската партија на САД, со цел да влијае врз предизборната кампања во корист на републиканецот Доналд Трамп.Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери, остварија средба на маргините на Самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН) во главниот град на Лаос, Виентиан. На прашање на американски новинар да даде коментар за тврдењата дека Русија упаднала во електронската пошта на демократите на САД, Лавров се пошегува дека не би сакал да користи вулгарности.
Кери не кажа ниту збор во однос на ова прашање. Се очекува Лавров и Кери да ги продолжат дискусиите за ситуацијата во Сирија, за можностите за уредување на состојбата во Украина, како и за билатералните односи. Ова е втора средба меѓу Лавров и Кери во изминатите десет дена.
Во петокот Викиликс објави 20.000 мејлови, хакнати од адреси на високи функционери на Демократската партија. Во мејловите се разгледуваат можности за спречување на победата на Берни Сандерс, на сметка на неговиот ривал Хилари Клинтон во трката за избор на кандидат на демократите за претседателските избори во САД.Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери, остварија средба на маргините на Самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН)

Пронајдете не на следниве мрежи: