Лажен архитект 30 години проектирал згради

Француската полиција уапсила 58 годишен маж кој 30 години нелегално работел како архитект и изградил неколку училишта и една болница.
Фатен е додека надгледувал изградба на куќа бидејќи на сопственикот на куќата му биле чудни и нерационални одлуките на архитектот. Сопственикот решил малку да истражува во врска со него, па затоа отишол во комората за архитекти.
Во комората откако увиделе дека го нема во никој од нивните регистри, случајот бил пријавен во полиција.
Тој во последните неколку години заработил дури 926.000 евра, а кои сега мора да одговара на суд.
За парите кои ги заработил во минатото додека работел како архитект нема да одговара бидејќи делото е веќе застарено.Француската полиција уапсила 58 годишен маж кој 30 години нелегално работел како архитект и изградил неколку училишта

Пронајдете не на следниве мрежи: