ЛДП ТОНЕ ВО ЛАГИ: Каде исчезна „загриженоста“ за бегалците?

При почетоците на бегалската криза, повеќето ги ставија маските на добрите Самарјани и јавно пропагираа мир и толеранција.Се креираа кампањи, организирани настани, па и акции за собирање средства за да им се помогне на бегалците што е можно подобро да се адаптираат кон новонастанатите ситуации и да им се олесни преминот низ балканските земји кон западна Европа.
И додека се појавуваа предупредувања дека постои можност од настанување на конфликтни ситуации и можни обиди за агресија, изворите на таквите тврдења беа прогласувани за ксенофоби и расисти.
Додека Унгарија упорно посочуваше дека бегалскиот бран може скапо да ги чини земјите кои ќе понудат и повеќе од основните услови за олеснување на животот на бегалците додека престојуваат во транзитните земји, таквата одлука беше пречекана на нож.
Германија претставуваше безбедна локација, посебно откако германската канцеларка Ангела Меркел упати отворена порака дека сите се добродојдени во таа земја и дека секој има право да започне нов живот и да бара подобри услови.
Во меѓувреме, потрагата по подобар живот се претвори во вртлог од хаотични настани, кој ги „голтна“ помалите земји – посебно балканските. Странските медиуми ги осудуваа обидите на нашата полиција да остане прибрана и да не им дозволи на одредени групи насилници да дојдат до Европа, да ги спречи истите фрлачи на камења и предмети да го искажат насилното однесување во некоја друга земја, па и да спасат нечиј живот.
Западните земји молчеа на овие обиди, бидејќи проблемите не се случуваа во нивниот двор. Додека траеше молкот, домашните труби и коалициски партии на опозицијата наголемо се противеа на обидите на македонската влада да ги заштити интересите на нашата земја. Кога полицајците со водени топови беа приморани да ја штитат границата од агресијата на одредена група луѓе, се водеа жестоки расправии дека на бруталноста мора да ѝ се стави крајот.
Ако бруталноста на полицијата се мери со посветеноста да се заштитат граѓаните да станат жртви на можни обиди за криминал, силување или во последна мера и убиство – тогаш Македонија се најде на тапет.
Нечии татковци и мајки дежураа на граница, додека се праќаа соопштенија од штабови по директива. Таков е и случајот со ЛДП (драгите коалиционери на СДСМ).
Тргнувајќи по линијата на попишманетоста, се објавуваа соопштенија дека треба да им се пружи рака на бегалците, да покажеме солидарност.
Цитираме:
„Пораката што Македонија треба да ја испрати е солидарност, а не ксенофобија и оградување во реалноста и во фашистичките идеи на претставниците на власта. Помошта што ја пружаат индивидуалците е посилна од било која преплатена коруптивна реклама на владата.“

Таканаречената „коруптивна реклама на владата“ е покажана и во постапките на ЕУ, која бара итно затворање на границите. Но, тука се повлекува границата на демантирањата и нападите.
Безбедноста, а пред сѐ и интегритетот на земјата требаше да се заштити во периодот кога Македонија се најде под лупата на странските медиуми и земји кои будно го следеа секое случување со бегалците на наша територија. Тогаш, можеше да се плука и дополнително да се долева масло на оган со напади по своето.
Наидоа многу бранови и ситуацијата излезе вон контрола.
Европа е преплавена со бегалци, од ЕУ се апелира Македонија да ги затвори границите и повторно топката се префрла кај нас.
Србија ги затвора границите, додека Грција „како совесен и добар сосед“ ги праќа бегалците кај нас. Немајќи каде да одат, бегалците остануваат подолго да престојуваат на македонско тло. Во обид да им се понудат подобри услови, беше најавена изградба на бегалски кампови. 
И повторно доаѓа притисок од внатрешен фактор. Од истите попишманети ЛДП.
Сега одеднаш се „загрижени“ за безбедноста на македонските граѓани. Истата загриженост беше лесно занемарлива кога беа отворени границите и транзитот се одвиваше без проблем. Кога загусти кај нас и кога луѓето немаат каде да одат, се измислуваат нови клевети.
Цитираме:
„Значи ли ова дека, свесни за тешките криминали во кои се фатени, со цел да си ја спасaт сопствената глава, врхушката на ДПМНЕ е спремна да ја стави на коцка и да се пазари со територијата на Македонија како тампон зона, место каде што ќе никнат нови бегалски кампови, притоа комплетно занемарувајќи ја безбедноста на македонските граѓани и последиците што истите ќе ја остават врз државата.“
Драги господа, имате ли памет што пишувате и за кои ставови се залагате?
Завеале снегови – покриле трагови. Среќа што постојат и докази за овие променливи ставови и кои ќе бидете во можност да ги погледнете во продолжение:
Се креираа кампањи, организирани настани, па и акции за собирање средства за да им се помогне на бегалците што е можно подобро да се адаптираат кон

Пронајдете не на следниве мрежи: